Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Прилози

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Историјата да се остави на историчарите, а Македонија да влезе во Европската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Историјата да се остави на историчарите, а Македонија да влезе во Европската Унија. Последниот бугарски цар и поранешен премиер Симеон Сакскобурготски, директно удри по нелогичната и блокаторска политика на Румен Радев и неговите претходници кон Македонија. Упатените во евроинтеграциите сметаат дека ваквите пораки претставуваат глас на разумот, за разлика од она што цело време го гледаме од бугарските власти. Според првиот човек  на Социетас Цивилис Марко Трошановски, токму она што го кажа Сакскобурготски е пример како треба да се одвива процесот на проширување, во име на правдата и вистината, а не со злоупотреба на моќ и непринциелни барања.

-Секој глас во бугарската политичка сцена кој што е во насока на подобрување на односите, на засновање на билатералните односи врз основа на добрите европски стандарди и пракси е добредојден. Бидејќи малку гласови продираат во медиумскиот дискурс би рекол, кој што се во поддршка на овој пристап да речеме, кој што од актуелната политичка гарнитура е игнорниран, изјави Трошановски.

Ваквите пораки според Трошановски тешко дека би ја промениле цврстата позиција на Софија. Но доколку има разум, тој смета дека треба да се промени пристапот со што од блокатор Бугарија би се профилирала во фактор на стабилност:

Реклама

-Мислам дека оваа позиција која што сега ја има Бугарија, не разговараме се имате во преговарачката рамка, само треба да ги имплементирате е доста длабоко вкоренета. Секако дека нијанси може значително да променат и не би го исклучил секако подобрувањето на односите или позицијата на бугарската страна, но засега мислам дека во краток рок не можеме да се надеваме на некаков голем исчекор во таа насока, изјави Трошановски.

Сакскобурготски изрази задоволство што во Брисел имал можност да оствари средба со премиерот на Македонија Христијан Мицкоски. Тој нагласи дека историските теми треба да се препуштат на историчарите, а политичарите да се насочат кон практичните прашања и кон членството на Македонија во Европската Унија.

-Мислам дека дијалогот во секој поглед е позитивен. Добрососедските односи се само во корист на сите. Треба да вложуваме напори. Пак ќе кажам нешто што е можеби политички некоректно. Сметам дека многу теми би требало да ги следат и разгледуваат историчарите, а ние да гледаме напред, кон практичното и Северна Македонија да влезе во Европската Унија, изјави Сакскобурготски.

Инаку, Симеон Сакскобурготски е последниот бугарски цар, на престолот доаѓа како дете во 1943-тата година, по смртта на татко му Цар Борис трети, а владее до укинувањетп на монархијата во септември 1946-тата. Од 2001-ва до 2005-та година беше и премиер на Бугарија, во чие време беше потпишан договорот за пристап во Европската Унија.

Матеја Петровски