Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Со години примале плата, но не доаѓале на работа. Мерко ја полнел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со години примале плата, но не доаѓале на работа. Мерко ја полнел општината со „фантомски“ административци. Актуелниот градоначалник на Струга од својот претходник наследил хаос во општинската администрација. Дури 17 лица, кои редовно примале плата, а не се појавувале на работните места, добиле отказни решенија. Но дел од нив второстепената комисија ги вратила на работа. Во жалбите навеле дека не можеле да влезат во општинската зграда бидејќи немале картички за евиденција на присуство.

„Тие што добија отказни решенија, добија затоа што со години не беа на работа. И од нив имаше и неадекватни и адекватни. Во администрацијата има неадекватни кадри, кои ги има во голем број, но има и кадри што се ефикасни и продуктивни. Со тие кадри стигнавме до овој резултат. 17 добија отказ? 17 добија отказ, но за жал, ни ги вратија пак. Тие се жалеа во второстепената комисија, наводно дека градоначалникот не им дал картички, па не можеле да се евидентираат“ – појаснува струшкиот градоначалник Менди Ќура.

Ќура најавува реструктурирање на администрацијата и подобро искористување на постојниот кадар. Од доаѓањето на функцијата предвидел 16 нови вработувања, но бидејќи не можел да најде соодветен кадар, вработил само четворица.

Реклама

Проблеми со кадарот има и во претпријатијата под општинска капа. Во струшки „Водовод“ 10 работници добиле отказ поради недисциплина и недоаѓање на работа. Дел од оние кои биле ангажирани за теренски работи, наместо да санираат дефекти и да ракуваат со градежни машини, седеле во канцелариите. Директорот тврди дека во претпријатието немало основни стручни кадри.

„Немавме ниту еден геодет, немаме електричари, немаме водоинсталатери, немаме градежен инженер, немаме хидроинженер. Досега ниту еден вработен не се примал во администрација. Примани се девојки, жени, работници, други, независно од полот, кои се водени како градежници, оператори, машинери, а работат во канцелариите, односно седат во канцелариите“ – вели Јованчо Мечкароски, директор на ЈП „Водовод“ – Струга.

Бројот на вработени од 150 е намален на 141, а за нови вработувања на стручен кадар се предвидени околу 14 милиони денари.