Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и истите не може да ги скрие. Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со „Алта банка“ и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни мерки, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на ставови на лидерот на Социјалдемократскиот сојуз.
Парите на граѓаните, штедачите, доверителите се безбедни и многу бргу ќе се врати и нејзиното нормално функционирање.
Токму тоа им пречи на Филипче и СДСM и затоа прават сѐ, со лаги и манипулации креираат хистерија со цел да му наштетат на процесот и да ја намалат вредноста на банката.
Ова е класична саботажа со цел да се наштети на државата, правното лице и на граѓаните, што е дело казниво со закон.
СДСM и Филипче се навикнати банки да бакротираат, системот да се стабилизира, граѓаните да останат без своите пари, а за сметка на тоа сопственици на фирми блиски до Заеви да ќарат милиони.
Како што е случајот со „Еуростандард банка“, од која фирми во сопственост на братот на Заев и негови бизнис партнери како „Сара инженеринг“, „Глобал медија груп“, „Тритерол“, освен што зедоа милионски кредити без покритие, истите и не ги ни враќале.
Ама, затоа пак, со банкротот на банката, без своите со мака заработени пари останаа штедачите и граѓаните.
Од друга страна, кога Венко Филипче зборува за некаква одговорност, освен за пропаста на „Еуростандард банка“, редно е заедно со неговиот ментор Зоран Заев јавно да проговорат и да сносат одговорност за сомнителните трансфери на стотиците милиони евра од Венецуела, која тогаш била под санкции и пари во други земји ѝ биле замрзнати.
Дали заедно со Заев – премиер, а Венко министер во 2019 година знаеле и стојат зад овие трансфери со кои во Македонија се „переле“ сомнителни, односно криминални пари?
Тоа е она на што СДСM и Филипче треба да се фокусираат и да дадат одговори на македонската јавност, а не да прават сѐ за да го саботираат процесот кој има за цел да ги заштити интересите на сите засегнати страни, а првенствено на македонските граѓани.

