Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Серафимовски: Малите семејни винарии заслужено го привлекуваат вниманието кон потенцијалот и квалитетот на македонското вино

– Малите семејни винарии заслужено го привлекуваат вниманието кон потенцијалот и квалитетот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Малите семејни винарии заслужено го привлекуваат вниманието кон потенцијалот и квалитетот на македонското вино. Нивниот углед се гради со семејно искуство, знаење и многу љубов кон лозовите насади.

Ова го напиша попладнево министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски откога информираше дека со претседателот на здружението „Македонски семејни винарии“ Горан Јаковлевски, како и со членовите на здружението Гоце Попов и Ѓоре Захарчев денес разговарал за нивните идни планови и за можностите Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да помогне во нивното остварување. 

– Зборувавме за модели за финансиска поддршка што би им ја олесниле набавката на опрема и би им овозможиле да го осовременат производството. Посебно ме охрабрува вниманието што го насочуваат кон развојот на органското лозарство, со што водат грижа и за зачувување на биодиверзитетот во лозовите насади. Во тој пристап препознавам дополнителен потенцијал за конкурентска предност на македонското вино и можност за остварување поголема вредност на странските пазари – напиша Серафимовски.

Реклама