Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Колони од смачкани, превртени и опожарени возила се протегаат по бугарскиот автопат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Колони од смачкани, превртени и опожарени возила се протегаат по бугарскиот автопат „Тракија“, ова е последицата на двата верижни судири во Бугарија во кои загинаа најмалку 11 луѓе а 48 се повредени. Првиот итен повик за верижна несреќа стигнал околу 7:10 часот наутро. Несреќата се случила во правец на Бургас. Кратко време потоа, на патот во правец на Софија се случил и вториот судир. Според првичните информации во судирите учествувале околу 50 возила а причината за несреќата, според сведоштвата на преживеаните е густата магла која го покрила автопатот.

„Еве видете, јас сум со таа црната. (Што се случи?) густа магла, многу густа магла. Четири автомобила се удрија во мене и камиони, како излегов и што се случи. Благодарение на господ што сум жив“

„Сите прозорци беа скршени, паѓаше стакло од горе. Бевме еден врз друг. Кој и паднал, кој се удрил, кој  се заглалил, не можел да излезе. И кога излеговме надвор, почнавме да се оддалечуваме од автобусот“

Реклама

„Страшно. Црвениот камион нè удри одзади. Само го почувствував камионот како доаѓа одзади при сопирање. Му реков на колегата да се држи, ќе нè удрат“, изјавија преживеаните

Несреќите ја прекинаа и средбата помеѓу премиерот на Бугарија, Румен Радев и еврокомесарката Урсула Фон Дер Лајен. Радев информираше дека поради несреќата откажани се сите средби и активности планирани за посетата на претседателката на ЕК, што требаше да се одржат во Варна. Откажана е и денешната седница на владата. Сред прес-конференцијата со Фон Дер Лајен, Радев ја соопшти веста за загинатите.

„Веста за трагедијата на автопатот „Тракија“ со толку многу загубени животи ја чувме за време на летот на нашиот авион кон Варна. Веднаш по нашето пристигнување му наредив на министерот за внатрешни работи, министерот Демерџиев да го земе владиниот авион и да ги однесе ранетите во Софија“, изјави Румен Радев, премиер на Бугарија

Покрај ова, во Бургас беа испратени и два воени авиона „Спартан“ но тие се вратија празни бидејќи состојбата на повредените кои се сместени во болниците во Бургас, Сливен и Јамбол е пресериозна за да можат да бидат безбедно транспортирани по воздушен пат. Фон Дер Лајен изрази длабоко сочуство кон жртвите, повредените и нивните семејства и им оддаде почит на спасувачките тимови. Бугарските власти информираат дека е формиран кризен штаб за координација со спасувачките активности по тешкиот верижен судир на автопатската делница.