Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Современа автобуска станица е уште еден од долгогодишните заглавени проекти во Охрид,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Современа автобуска станица е уште еден од долгогодишните заглавени проекти во Охрид, кои ги наследи актуелната локална власт. Наместо објект што целосно ќе ги задоволува потребите на патниците, градот располага со перони и паркинг за автобуси, но не и со станица што функционира во полн капацитет. Најголемата промена е во начинот на издавање билети – просторот во самата автобуска станица, каде што претходно се вршела продажбата, сега е затворен.

„Охрид не остана без автобуска, таа функционира, пероните се тука, начинот на издавање билети е таков каков што е. Еден од проектите со слична судбина како базените, како болницата во Свети Еразмо, како автопатот и сè останато, кои што овие неколку години стоеја“, вели Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Иднината на постојниот објект останува неизвесна. Прашањата за неговата судбина повторно се отвораат, особено по информацијата за можна пренамена на дел од просторот. Пецаков тврди дека до Општината досега не е доставено такво барање. Тој објаснува дека изградбата на комплексот запрела откако компанијата-инвеститор западнала во финансиски проблеми. Поради неплатените обврски, банката го презела имотот, а потоа го продала.

Реклама

„Да, тоа земјиште е продадено пред многу години со некаква намена, мислам на автобуска и мол или трговски центар. Тој трговски центар, ја знаете сите судбината, делумно беше изграден и остана така додека не се пронајде инвеститор сето тоа да го направи. Меѓутоа, истата компанија, во истата банка, повторно заради неплатени или доспеани долгови, сето она што го зела како кредит за да може да ја финансира изградбата на автобуската станица… Пропадна фирмата, ја заплени банката. Банката има извршено продажба итн.“, вели Пецаков.

Како можно решение за проблемот се споменува изградба на нова автобуска станица на една од локациите во сопственост на македонската компанија за превоз на патници А.Д. „Галеб“. Пецаков појаснува дека урбанистичкиот план, со кој на нова локација е предвидена автобуска станица, е започнат пред повеќе години. Сепак, за реализација на проектот ќе бидат потребни дополнителни постапки и согласности од надлежните институции. Конечниот збор за можноста за изградба го има Министерството за транспорт и врски.