Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Македонија

На денешен ден пред 85 години во Прилепско првпат е изведена песната „А бре Македонче“

На денешен ден, 8 ноември, пред точно 85 години, во 1941-та година,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешен ден, 8 ноември, пред точно 85 години, во 1941-та година, во прилепското село Царевиќ првпат е изведена познатата македонска борбена, патриотска песна „А бре Македонче“. Песната ја извеле партизаните од  одредот „Гоце Делчев“ на територијата која се смета за прва слободна во почетокот на Народноослободителната борба и Народната револуција. 

Песната која се сметаше за народна има тројца автори, членови на партизанскиот одред чии групи беа одговорни за почетокот на народното востание на 11 октомври 1941-та со нападот на полициската станица, тогашниот Участак, денес Меморијален музеј „11 Октомври“ во Прилеп. 

„А бре Македонче“ е дел од поставката на Меморијалниот музеј, а за неа со години истражува историчарот од прилепскиот Завод и Музеј, Рубин Белчески. Белчески, воедно е и претседател на Сојузот на борци од Прилеп пред кои одржа предавање и потсети на создавањето на песната и на нејзиното значење кое не се намалило и до ден-денес.

Реклама

-„А бре Македонче“ е создадена од тројца борци на одредот: Крсте Црвенкоски, како комесар, Коле Чашуле, писател и учесник во виорните настани од 11 Октомври и Ордан Михајлоски, Оцка, борец од Одредот и музичар. Денес основното музичко училиште го носи неговото име. Тројцата борци добиле партизанска задача да создадат песна што ќе го подигне духот на борците и на населението зашто се проширил глас, по нападот на 11 Октомври, дека ги нема партизаните. Одредот официјално се формираше на 23 октомври и тие денови до 8 ноември тројцата борци ја создале славната песна, изведена на митингот во селото Царевиќ како ослободена партизанска територија, на празникот Митровден, објаснува Белчески. 

За брзо песната „А бре Македонче“ станала химна на Одредот, но и на целото партизанско движење во Македонија.

-Песната била присутна дури и во борбените моменти, кога борците поради повисоки цели, за слобода, за патриотизам, за љубов, влегувале во битките и свесно го давале својот живот. При секое изведување буди посебни чувства: на припадност, на борбеност, на решителност, вели Белчески.

Во текот на своето 85 – годишно постоење, стиховите во песната претрпуваат измени, но суштински не изгубила од своето значење и цел.         

Според најновите истражувања на Белчески, песната ја ставиле во своите збирки и Кочо Рацин и Блаже Конески кој ја анализира. 

-Во 1943 година Коста Солев Рацин, во своето последно дело, редактирал збирка поезија на собрани песни со наслов „Македонски народно-ослободителни песни“. Помеѓу 20-тина, ја ставил и песната „А бре Македонче“. Во 1947 година, академик Блаже Конески ја собрал, редактирал и ја издава збирката песни „Од борбата – народни песни“, каде, исто така, е песната „А бре Македонче“, а во 1950 година Конески прави „Анализа на мотивите во песната“, со што ни овозможува длабок увид во нејзините идеи, историски контекст и културните влијанија, вели Белчески.

Песната  во форма на музика за филм се пее во првиот македонски игран филм, „Фросина” во 1952 година. Низ годините и децениите има многу аранжмани, изведби од народните пејачи, па до нашите познати групи и изведувачи. Има и најсовремени денешни верзии со помош на високата технологија. 

-„А бре Македонче“ е актуелна во секој миг од нашето сегашно и идно живеење, испраќа порака и поттик за раст на националниот дух.  Всушност, песната е чувство што тече во нашите и во вените на нашите предци, а зошто не и на идните генерации, заклучува историчарот Рубин Белчески  од прилепскиот Завод и музеј и претседател на Сојузот на борци од Прилеп.