Реклама

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Прилози

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

Граѓаните со доверба во нивните банки – во Македонија банкарскиот систем е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните со доверба во нивните банки – во Македонија банкарскиот систем е сигурен. Алфа ТВ излезе на терен да ги праша граѓаните околу нивното мислење за довербата во банките каде што тие чуваат пари, плаќаат сметки и штедат. Повеќето одговори од анкетираните граѓани беа позитивни а искуството на корисниците е долгогодишно. Тие најчесто ги користат „традиционалните“ банки во Македонија кои постојат со децении и имаат доверба дека парите им се на безбедно место.

„Јас мислам дека треба да се верува во оваа банка кајшто сум јас веќе 30 години.“

„99 проценти“

Реклама

„Многу.“

„Верувам…“

„Сега за сега да… па да плаќам сметки“

„Па ѝ верувам“

„Па да и верувам… затоа што досега не сум имал нешто што досега би ми укажувало да имам недоверба во тоа. Ги плаќам сметките преку банката и тоа се со платен налог. Така да не сум имал досега никакви проблеми“, изјавија граѓаните

Сепак дел од анкетираните граѓани имаа забелешки околу правилата и технологиите кои постојано се менуваат и изразија дека електронското банкарство е честопати нејасно за нив. Тие истакнаа дека се уште се држат до традиционалното користење на банкарските услуги со физичко присуство.

„Jас немам уште навика на таа работа. Иначе со траен платен налог плаќам“

„На мојата банка моментално ѝ верувам а инаку ќерка ми користи тоа електронско банкарство јас не се разбирам нејќам да се разбирам“

„Значи ние постарава генерација дур да се снајдеме – нови правила. Не можеме да одиме во чекор, тоа е целата филозофија. За помладиве подруго е не знам како ќе биде“

Инаку овој викенд некои од банките имаат ограничени услуги поради технички прилагодувања на системите според промените во националниот платен промет. До тогаш нема да може да се крeираат налози ниту за денешниот ниту за иден датум. Во текот на целиот викенд ќе има ограничен пристап до интернет банкарството како и банкарството преку мобилен телефон, додека уплатите на банкоматите ќе бидат целосно недостапни а подигнувањето готовина од банкоматите ќе продолжи вообичаено како и плаќањето преку ПОС терминали. Се очекува во понеделник банките да се вратат во нормално функционирање.