Реклама

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Прилози

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Од рано утрово, во битолската Алта банка, без никакви проблеми и без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од рано утрово, во битолската Алта банка, без никакви проблеми и без гужви, тече исплатата на парите и за корисниците на социјална помош. Парите во висина од 20.000 денари граѓаните ги добиваат за многу кратко време на сите банкарски шалтери, кои од вчера работат во две смени. Најголемиот дел биле известени преку СМС-пораки, но се услужуваат и оние граѓани кои не добиле порака или не ги знаат ПИН-кодовите од картичките. Според податоците, над 5.500 граѓани треба да бидат исплатени по овој основ.

Инаку, како што веќе е познато, од вчера започна исплатата за пензионерите, чиј вкупен број, односно бројот на клиенти на оваа банка, изнесува околу 3.500. Шалтерите работеа во две смени, а истиот принцип продолжува и денеска и утре. Од наредната недела се очекува парите да се исплаќаат и во експозитурите на банката во другите градови во земјава каде што ги има.

Вчера, од Алта банка 556 пензионери успешно ги подигнале своите пари, иако првичниот план бил да бидат услужени околу 400 лица.

Реклама

Во меѓувреме, Народната банка бара решенија за непречена исплата и на налозите од фирмите кои соработуваат со Алта банка, и тоа во најкраток рок, за да се запази законската рамка за исплата на плати и други плаќања до 15-ти во месецов.