Реклама

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Прилози

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Добар дел од битолските пензионери и корисници на социјална помош од рано…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Добар дел од битолските пензионери и корисници на социјална помош од рано утринава од шалтерите на Алта банка, без проблем започнаа да ги подигаат паричните средства со лимит од 20.000 денари. Некои од граѓаните биле известени по СМС-пораки за денот и часот кога ќе можат да си ги подигнат парите, но имаше и такви кои и без порака дошле да проверат како тече постапката, а биле и услужени.

Стравот на некои од граѓаните дека ќе останат без своите пари, а предизвикан од дезинформациите кои деновиве интензивно се шират од одредени политички структури, ги натерал да дојдат пред банката и да чекаат ред, иако претходно не добиле известување. Пред банката имаше и луѓе кои или немале мобилни телефони или, пак, немале оставено телефонски број во банката, што на некој начин придонесе и за зголемување на редиците во претпладневните часови, а кои попладнево се изретчија, иако банката работи двосменски.

Инаку, во наредните неколку дена, поточно до сабота, со СМС-пораки ќе бидат известени и сите останати пензионери и корисници на социјална помош за термините кога ќе можат да ја подигнат готовината до 20.000 денари. Во меѓувреме, Народната банка работи на изнаоѓање решенија и за компаниите кои трансферите ги прават преку оваа банка, со цел да се запази рокот до 15 во месецов, кој е и краен рок за исплата на плати и останати плаќања.