Реклама

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Македонија

Посеани околу 20 отсто од површините под житни култури во Штипскиот регион

Продолжи есенската сеидба на житните култури во Штипскиот регион, но и во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжи есенската сеидба на житните култури во Штипскиот регион, но и во останатите региони во земјата. Потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци Гоце Серафимов вели дека обилните врнежи од дожд донесоа поволни услови за продолжување на сеидбата на пченицата и јачменот, која годинава значително доцни поради сушата. Според неговите проценки досега се посеани околу 20% од предвидените површини.

– Овие дождови се добредојдени, сега треба да чекаме само почвата малку да се исуши и да почнеме со орање, бидејќи околу 80% од површините сè уште не беа изорани – изјави Серафимов.

Тој вели и дека до крајот на сеидбата сè уште има време, но доцнењето може да влијае врз квалитетот на пченицата и јачменот. Дел од површините кои нема да се засеани сега ќе мора да бидат пренаменети за пролетните култури. Серафимов најави дека од наредната година ќе бараат субвенциите за јачменот и пченицата да се изедначат.

Реклама

– Да, побаравме да се воведе некоја интервентна мерка, меѓутоа за оваа година е завршено и ќе пробаме за наредната. Бараме да се израмнат јачменот и пченицата – вели Серафимов.

Инаку, речиси сите површини кои се предвидени за житни култури се сеат наесен, бидејќи тогаш условите овозможуваат повисоки приноси.