Реклама

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Прилози

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Надолниот тренд на црната статистика на македонските патишта ги мотивира надлежните да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Надолниот тренд на црната статистика на македонските патишта ги мотивира надлежните да ги засилат активностите за уште поголема безбедност во сообраќајот. Дека возачите стануваат посовесни и подисциплинирани покажува и статистиката, според која годинава се регистрирани 85 жртви, што е помалку од лани, кога животот го загубиле 117 граѓани. Овој тренд, според надлежните, покажува дека системот „Безбеден град“ е една од клучните алатки.

„За жал, имаме 85 жртви, но тоа е драстично помалку од претходната година, кога имавме 117, и драстично помалку од сите останати години. Анализите што ги добив покажуваат дека 16 години наназад, заклучно со октомври, секогаш сме имале трицифрена бројка“, изјави Панче Тошковски – министер за внатрешни работи.

Во наредниот период, камерите од „Сејф сити“, покрај во Струмица и Штип, наскоро ќе бидат инсталирани и во Битола и Прилеп. Паралелно, на местата каде што нема камери, ќе има полициски возила кои ќе детектираат и санкционираат не само возачи туку и пешаци.

Реклама

„Со возилата што ги има Министерството за внатрешни работи ќе можеме да детектираме, пред сè, управување со моторно возило со несоодветна брзина. Зошто? Затоа што цениме дека таков тип контрола е неопходен на местата каде што немаме поставено камери“, изјави Панче Тошковски – министер за внатрешни работи.

За намалување на црните бројки многу важна е и превенцијата, односно едукацијата за сообраќајната култура. Таа, според надлежните, треба да започне уште од најмала возраст, во образовниот систем, но и дома, од страна на родителите. Во таа насока се и законските измени со кои се предвидени казни за младите кои несовесно управуваат со тротинети.

Сите заедно, со МВР и Републичкиот совет, но и со семејствата, треба да работиме на воспитување на децата и градење на нивната сообраќајна култура. Со оглед на тоа што министерот го кажа, мислам дека сме на добар пат тоа да го оствариме.

Со новата национална стратегија, која беше презентирана пред јавноста, целта е до 2030 година црната статистика на патиштата двојно да се намали. До 2050 година, пак, таа треба да биде сведена на нула.