Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВРЕДИ: Растот на платите продолжува, 10 отсто за Армијата

Владата на ВЛЕН секојдневно носи мерки кои го олеснуваат животот на граѓаните.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на ВЛЕН секојдневно носи мерки кои го олеснуваат животот на граѓаните. Од 1 јануари 2027 година, за припадниците на Армијата и другите вработени е предвидено зголемување на платите и додатоците за 10 отсто, пишува во денешното соопштение.

За време на нашиот мандат, платите се зголемија и во образованието, здравството, полицијата и во многу други сектори.

Вработените во образованието добија зголемување на платите од 5 отсто во октомври 2024 година, 7 отсто во март 2025 година и 7,5 отсто во март оваа година. Заедно, овие зголемувања изнесуваат над 20 отсто. Исто така, со потпишувањето на колективните договори со Универзитетот во Тетово и Универзитетот „Мајка Тереза“, обезбедивме повисоки плати за академскиот и административниот кадар.

Реклама

Во здравството, по првото зголемување од 10 отсто во ноември 2024 година, следуваа уште 5 отсто во март 2025 година и 6 отсто во март 2026 година. Вкупно, платите се зголемени за над 22 отсто.

Околу 12.000 вработени во МВР со повисоки плати! По зголемувањето од 10 отсто во март 2025 година, од март оваа година добиваат и дополнителни речиси 1.700 денари месечно.

И минималната плата е зголемена оваа година, додека просечната плата достигна околу 800 евра, со цел да достигне 1.000 евра.

Работиме на тоа вработените кои со години се ангажирани со договори на определено време конечно да добијат постојано вработување. За таа цел предложивме и закон со кој ќе се стави крај на оваа неправда.

Целиот наш ангажман е насочен кон тоа секој граѓанин да живее подобро, со повисоки примања и помала неизвесност за својата иднина.