Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

Министерството за дигитална трансформација предводник во реформите за пристапување кон ЕУ

Министерството за дигитална трансформација информира дека Европската комисија во извештајот за 2026…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за дигитална трансформација информира дека Европската комисија во извештајот за 2026 година констатира „добар напредок“ во Поглавјето 10 – Дигитална трансформација и медиуми, а истовремено го подигнува и нивото на подготвеност на земјата од „умерено“ на „меѓу умерено и добро ниво на подготвеност“.

Како што наведуваат од Министерството, овие оценки го потврдуваат значењето на спроведените дигитални реформи за напредокот на државата во процесот на пристапување кон Европската Унија.

– Подобрувањето е особено значајно во споредба со претходните години. Во четири последователни извештаи, од 2021 до 2024 година, Европската комисија констатира „ограничен напредок“ во ова поглавје. Во 2025 година оценката се подобри на „одреден напредок“, а во 2026 година достигна „добар напредок“, придружен со повисока оценка за подготвеноста на земјата – стои во соопштението.

Реклама

Европската комисија, додаваат од таму, ги препознава конкретните резултати во законодавното усогласување, проширувањето на електронските услуги, зајакнувањето на интероперабилноста и кибербезбедноста. Долгогодишните препораки добиваат конкретен одговор преку усвоени закони и стратегии, нови оперативни капацитети и поголемо користење на дигиталните услуги.

Меѓу клучните реформи се усвојувањето на долгорочната ИКТ-стратегија со акциски план и стратегијата за кибербезбедност, донесувањето на законите за електронски комуникации и за безбедност на мрежи и информациски системи, како и законските измени за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Дополнителното усогласување во областа на електронските комуникации претставува важен чекор кон европските правила и стандарди.

– Резултатите се видливи и во услугите што ги користат граѓаните и компаниите. Европската комисија констатира дека користењето на електронските услуги е удвоено во однос на претходната година. Според податоците опфатени во извештајот, на крајот на август 2026 година на националниот портал биле достапни 338 електронски услуги, вклучително и делумно достапните услуги. Препознаено е и воведувањето услуги што граѓаните најчесто ги бараат, како изводи од матичните книги и уверенија за државјанство, како и подобрувањето на пристапот до услугите за бизнисите – велат од Министерството.

Напредок е забележан и во дигитализацијата на работата на институциите. Централниот систем за управување со документи го користат 44 институции, а зајакнувањето на интероперабилноста, односно електронската размена на податоци меѓу институциите, е издвоено како еден од резултатите што придонесуваат за позитивната оценка.

Во областа на кибербезбедноста, покрај усвоената законска и стратешка рамка, воспоставен е и MKD-GOV-CSIRT, владиниот тим за одговор на компјутерски безбедносни инциденти. Вложувањата во современи технологии и стручни капацитети ја зајакнуваат способноста на институциите да одговорат на киберзаканите.

– Позитивните наоди за дигитализацијата се присутни и во делот од извештајот посветен на услугите кон граѓаните и бизнисите во рамките на реформата на јавната администрација. Европската комисија во овој дел констатира значителни подобрувања во текот на 2025 и почетокот на 2026 година потврдувајќи ја важноста на дигиталната трансформација за поефикасно функционирање на институциите – се вели во соопштението.

Министерството за дигитална трансформација, во соработка со институциите и партнерите, продолжува со спроведување на реформите и преостанатите препораки на Европската комисија. Повисоките оценки се потврда за досегашните резултати и поттик за натамошна работа кон модерна, ефикасна и безбедна дигитална држава, со побрзи и подостапни услуги за граѓаните и компаниите.

Целосниот извештај на Европската комисија за 2026 година е достапен на следниот линк.