Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Клековски: Има отпор на Клиниката за онкологија и на некои од клиничките болници, каде што треба да се децентрализира терапијата, но работиме тоа да се реши

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска истакна дека има отпор на Клиниката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска истакна дека има отпор на Клиниката за онкологија и на некои од клиничките болници, каде што треба да се децентрализира терапијата, меѓутоа работат со раководство во овие установи тоа бргу да биде решено.

На презентирањето на реализираните активности и стратешките приоритети во изминатите три месеци Клековски се осврна на повеќе суштински проблеми и рече дека таму каде што треба многу повеќе да се направи се радиологијата, онкологијата, клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и реобмислување на концептот за долгорочна нега.

Одговарајќи на новинарско прашање за долгонајавуваната децентрализација на онколошката терапија, тој рече дека ќе направи аналогија со Клиниката за неврологија.

Реклама

– Велеа дека има многу работа бидејќи многу пациенти се вклучени на биолошка терапија за мултиплекс склероза, но во моментот кога рековме „дајте да ја даваме терапијата надвор од Клиниката за неврологија“, почна отпор. Цела година работевме да почне таа терапија да се применува за почеток во Штип, Охрид и во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Националниот план ќе го подготвиме, меѓутоа основата е тоа дека Клиниката за онкологија останува централна болница за третман, меѓутоа неопходно е некои од терапиите да се пренесат во неколку други болници поблиску до местото на живеење – додаде Клековски.

Појасни дека се работи на подобрување на дејностите во неколку болници надвор од Клиниката за онкологија како реобмислување на радиотерапијата и како е правена таа.

– Претходниот обид е неуспешен, очигледно имаме купено акцелератори пред 10 години и тие не се во употреба и мора да видиме нов поглед на тоа и набргу и за тоа ќе имаме сугестија. Значи, децентрализацијата на терапијата за три месеци, барем во две болници, треба да почне, а ако успееме и во третата болница надвор од Скопје, ќе почне и таму и тоа треба да го растовари моментниот капацитет – појасни Клековски.