ЧетГПТ но за административците, правници и сметководители. Македонската платформа „Ралф АИ“ ќе им го скрати работното време за 50 проценти а истовремено ќе ја зголеми продуктивноста на вработените. Консалтинг алатката со користење на вештачка интелегенција треба да го забрза процесот на добивање одговори, правење пресметки и анализи. Стопанската Комора целосно го поддржува овој модел.
„Нови алатки, напредни алатки и напредни технологии ќе доведат до зголемување на профитот на компаниите и стандардот на граѓаните, а само тоа може да биде верификација дека одиме напред и се такмичиме со некого за да постигнеме нешто повеќе и да чувствуваме одговорност пред младите генерации да останат тука а тие што не се тука да ги вратиме назад. “ – вели Бранко Азески, претседателот на Стопанска Комора.
Креаторите од „Рафајловски консалтинг“ велат дека овој дигитален консултант се издвојува од другите бидејќи информациите на корисниците ќе бидат целосно заштитени.
„ За да ви го крати времето до крај ќе мора вие нешто да вложите дополнителни поврзувачки системи, вие сето она што го знае „Ралф“, да ви направи завршна сметка, да ви исчисти биланси, анализа на закони. Претседателот ми даде да направам анализа и два дена правев и ја дадов на „Ралф“. Неговата анализа беше значително подобра од мојата“– вели Горан Рафајловски.
Од таму додаваат дека алатката не значи кратење на работни места, напротив треба да функционира како партнер кој ќе им ја олесни работата на сите вработени во кое било време.
„Ралф“ не опфаќа само еден сегмент од работата на една компанија туку го опфаќа целото централно ткиво, ви дава одговор за сметководствените прашања ги следи меѓународни сметководствени стандарди и прави одлични анализи на сметководствените процеси кои треба да ги воведете, го гледа и правниот сектор.“ – Вели Стефан Рафајловски.
„Ралф Аи“ , освен на македонски, ќе „проговори“ и на хрватски и на албански. Истиот модел ќе им биде достапен и на хрватските фирми и ќе има познавања и од нивните закони.

