Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Прилози

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа. На 26иот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа. На 26иот состанок на заедничкиот консултативен комитет меѓу Македонија и комитетот на регионите на Европската Унија, претставници на македонските општини заедно со 8 нивни колеги од земјите членки разговараа за клучни прашања околу подобрување на стандардот на живеење на граѓаните. Градоначалникот на Скопје ја истакна важноста на улогата на реформите во локалната самоуправа како клучни за пристапувањето кон европското семејство посочувајќи дека главната цел е достигнување на европските стандарди независно од околностите.

„Европската Унија ние треба, од друга страна пак како локална самоуправа, да им ја донесеме на граѓаните дома. Тоа значи да живеат во слични или исти услови како во земјите членки и општините од Европската Унија. Да имаат уредени градинки, уредени училишта, патна инфраструктура, подземна инфраструктура согласно она што го имаат нашите пријатели од Европската Унија и на тој начин да ги спроведуваме реформите дома“, изјави Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје

Хрватските колеги од локалната самоуправа изразија силна поддршка за работата на македонските општини и патот кој треба да се помине. Тие потсетија дека и Хрватска поминала низ тежок процес на реформи.

Реклама

„Ние, Хрватска, како последните што пристапиле во ЕУ имаме одредено искуство и сакаме да им помогнеме на нашите пријатели во Македонија на тој пат. Од наше искуство и ние исто така сме поминале низ еден долг пат и самите преговори и се чинеше како тоа никогаш да нема да заврши. Но меѓутоа еве денес можеме да кажеме дека благодарејќи на пристапувањето во ЕУ Хрватска стана доста подобра држава“, изјави Иван Гулам, градоначалник на Пировац, Хрватска

Состаноците на заедничкиот консултативен комитет се одржуваат два пати годишно, претходно оваа година состанокот се одржа во Брисел а сега во Скопје. Целта на овие состаноци е локална подготовка за реформите потребни за пристапување и размена на добри практики.