Реклама

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Прилози

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

Мапата на детски градинки се шири низ Македонија, а листите на чекање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мапата на детски градинки се шири низ Македонија, а листите на чекање наскоро ќе станат минато. Преку капитални инвестиции низ целата држава, Владата ја продолжува реализацијата на стратешкиот проект за 40 нови градинки кој има за цел да го зголеми опфатот на дечиња од предучилишна возраст, а особено да им го олесни секојдневието на родителите во руралните и помалите населени места.

„Денес е навистина во прекрасно издание овој објект, целта ни е да ги донесеме објектите за детска заштита до граѓаните. ова е дел од поширок проект од 40 градинки, а во меѓувреме ги зголемуваме и капацитетите на вака помали објекти за да имаат услови децата и да бидат поблиску до секое населено место.“- вели министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

Како дел од оваа стратегија, населбата Потстаница ги отвори вратите на тукушто реконструираната детска градинка „Ѕвездички“. Објектот кој петходно беше целосно руиниран, сега е целосно подготвен да ги прими првите 40 дечиња на возраст од две до шест години.

Реклама

„ Го означуваме почетокот на новата градинка „Ѕвездички“ во населба Потстаница. Станува збор за објект кој се реконструираше со поддршка на Владата. Објектот има 2 занимални за деца од 2 до 6 години, капацитет од 40 дечиња, и плус чајна кујна и повеќе простории и правиме напори за на младите да им овозможиме повеќе услови и да има повеќе дечиња“- вели градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменковска.

Овој објект е само уште една алка во големиот план на Владата за изградба и реконструкција на 40 градинки ширум Македонија, а инвестицискиот бран веќе ги дава првите резултати на терен. Како дел од програмата веќе се градат или се реконструираат објекти во повеќе општини како Ново Село, населбата Триангла во Маџари, како и во Расадник во Делчево. Претходно, нова градинка во село Пршовце ги отвори вратите за 147 дечиња. Со ова треба да се обезбедат подобри услови за раниот детски развој, а истовремено и поддршка за семејствата и можност повеќе родители полесно да ги усогласат семејните и работните обврски.