Реклама

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Македонија

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST).

Како што соопшти Кабинетот на претседателката, тема на разговорот беа оперативните и техничките аспекти на пристапниот процес, можностите за забрзување на европската интеграција и конкретните механизми за напредок во услови на политички блокади.

Сиљановска-Давкова ја истакна потребата од разгледување на расположливите институционални и правни инструменти на ЕУ, со цел да се идентификуваат конкретни чекори што ќе овозможат придвижување на процесот врз основа на реформските постигнувања и исполнетите критериуми, независно од билатералните блокади од страна на земјите членки.

Реклама

– За неа важно е техничката подготвеност и спроведените реформи да добијат соодветно вреднување, а европската перспектива да се претвори во предвидлив процес со јасни чекори и мерливи резултати – наведува Кабинетот на Сиљановска-Давкова.