Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Економија

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, преку видео порака, информира дека денеска, во рамки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, преку видео порака, информира дека денеска, во рамки на посетата на Германија, заедно со владиниот тим, реализирал повеќе бизнис средби и состаноци.

Покрај состаноците со „Дојче Телеком“ на кои станало збор за дополнителни инвестиции во Македонија не само на македонскиот телекомуникациски пазар, туку и во здравството, паметната технологија и во други видови индустрии, тимот на Владата, предводен од Мицкоски, одржал состаноци и со Германската стопанска комора.

Според премиерот, економската соработка со Германија се продлабочува, а целта е повеќе инвестиции и повисок БДП.

Реклама

-Денеска во Бон имавме навистина успешна и, би рекол, прилично динамична агенда. Денот го почнавме со состаноци во рамките на компанијата „Германски Телеком“, која е присутна и кај нас, на македонскиот пазар, неколку децении. Она што денеска го разговаравме со главниот директор на „Дојче Телеком“ се нивните потенцијални дополнителни инвестиции во Македонија, на македонскиот телекомуникациски пазар, но тука не се ограничивме. Зборувавме и за потенцијални инвестиции на „Германскиот Телеком“ во други области како што се здравството, паметната технологија и друг тип индустрии што ќе донесат голема додадена вредност за македонската економија и на тој начин ќе го зголемат присуството на „Германскиот Телеком“ во Македонија, но и во регионот, вели Мицкоски.

Додава и дека одржал состаноци со Германската стопанска комора.

-Беа присутни голем дел од фирмите кои имаат инвестиции во Македонија, но и оние што имаат амбиција да инвестираат во Македонија. Разговаравме за досегашните нивни искуства, како да ги направиме нивните инвестиции поуспешни, но истовремено зборувавме и за зголемување на нивните инвестиции, капацитети, со што исто така би се зголемил и бруто-домашниот производ на македонската економија, истакнува премиерот.

Преку својот фејсбук профил, премиерот информира дека на средбата со претставниците на германските компании од Северна Рајна-Вестфалија кои се присутни во Македонија, било разговарано за проширување на економската соработка и отворање нови, високоплатени работни места во Македонија.

-Ги претставивме потенцијалите на македонскиот ИКТ-сектор, зелената енергија од обновливи извори, здравството, јавната безбедност, развојот на инфраструктурата и можностите за дигитална трансформација на индустријата. Владата останува посветена на создавање стабилна, предвидлива и конкурентна деловна клима. Нашата цел е германските компании да ја препознаат Македонија како доверлив партнер за долгорочни инвестиции, трансфер на технологии и развој на висококвалификуван кадар, наведува Мицкоски.

Мицкоски во видео обраќањето оценува дека се што денеска било разговарано, ќе има дополнителна додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните во Македонија.

Во владината делегација, покрај премиерот, се и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како и директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски.