Реклама

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Прилози

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Жените и девојките Ромки да се школуваат, бидејќи образованието е основата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жените и девојките Ромки да се школуваат, бидејќи образованието е основата за нивното активно вклучување во општеството, порачуваат од Ромската асоцијација „Родопа“. Дел од нив, поради ниското ниво на образование, недоволно ги познаваат своите права и не знаат каде да пријават доколку се жртви на семејно насилство.

„До сите жени Ромки апелирам да се охрабрат, да пријавуваат, да се образуваат, да станат дел од општеството, да се вработат, да се вклучат на пазарот на трудот и секогаш да бидат економски независни“, изјави Сабина Асанова, претседателка на Ромската асоцијација „Родопа“.

Подигањето на свеста, но и препознавањето на различни форми на дискриминација и насилство, се првите чекори кон нивното спречување. Според психолозите, од голема важност е поддршката од институциите, но и од заедницата…

Реклама

„Сметаме дека, пред сè, подигањето на свесноста е прв важен чекор во тоа да се спречи и да се реагира во случај на семејно насилство, но исто така е важно да ја понудиме сите, секој на свој начин, како што можеме, институционална и вонинституционална поддршка за жртвите на насилство“, изјави психологот Весна Трајковска.

Според извештајот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за периодот од 2022 до 2024 година, само 8% од жените Ромки се вработени.