Реклама

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Tоп

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Гласајте за повеќе проекти и подобар живот, а не за етнички поделби …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гласајте за повеќе проекти и подобар живот, а не за етнички поделби  порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите во Брвеница. На последниот ден од предизборната кампања премиерот очекува мирен изборен ден, без инциденти, како што доликува на зрела демократија.

Заложбата на премиерот е во спротивност со кампањат на ДУИ и нивниот кандидат за градоначалник,  кои во изминатите две недели водат кампања во чиј центар се етничките поделби. Каректерситично за политичари кои останале заглавени во инатиот век, и само во ваквиот пристап гледаат спас за својата политичка кариера.

  • „Мојата порака и до жителите на Брвеница и до македонската јавност е дека кога одлучуваат за кого да го дадат својот глас, треба да одлучуваат дали да го дадат својот глас за оние коишто имаа можност во минатото повеќе од две децении да направат нешто, а не направија ништо, односно оставија нула или за овие коишто сега прават се што, за жал, во минатото не било направено. И тука нема етничка поделба. Затоа јас би сакал уште еднаш да упатам порака до жителите на Брвеница и жителите на Македонија дека ако сакаме да одиме напред, мораме да зборуваме за проект повеќе и да зборуваме за додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните, а не да се враќаме на политиките од минатиот век“ – порача премиерот.

Премиерот повторно ја повика опозицијата да ги испорача своите барања за да се откочи Изборниот законик, а власта рече останува само на единствениот прдлог – и дијаспората да може да гласа.

Реклама
  • „Да ја повикам здружената опозиција Левица, СДСМ и ДУИ да конечно ги усогласат своите ставови и да ги достават до Министерството за правда. И ние рековме ќе прифатиме се тие што ќе го усогласат со тоа што имаме еден услов, а тоа е да може дијаспората да гласа на поинаков начин од тој кој што е досега, односно, еве сега имаше избори, гледате тука кај нашиот источен сосед се гласаше во објекти коишто не се дипломатско конзуларни претставништва, така? Ако државата со закон тоа го дозволува, зошто на нашинците во Австралија, каде што живее македонска заедница можеби неколку стотици илјади, да мора да летаат по дванаесет часа за да гласаат“ рече Мицкоски.

Измените на Изборниот законик и натаму чекаат политички договор. Иако во Министерството за правда со месеци се работеше на усогласување на изборните правила со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, опозицијата го закочи процесот. На последната консултативна средба на 30 септември не присуствуваа претставници на СДСМ, а министерот за правда Јетон Шасивари најави дека ќе се обиде да ги врати на преговарачката маса.