Реклама

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Македонија

Ристовски му честиташе на Христијан Бузалковски за европската вицешампионска титула

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски и му честиташе за освоеното второ место во генералниот пласман во ФИМ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

-Со освојувањето на европската вицешампионска титула, Бузалковски ја заокружи извонредната сезона во ова престижно натпреварување, постигнувајќи го најголемиот успех во историјата на македонскиот мотоциклизам, соопшти Министерството за спорт. 

Министерот Ристовски му упати честитки за успехот и за одличната сезона и истакна дека Министерството за спорт секогаш ќе го вреднува успехот и ќе биде поддршка за спортистите кои достојно ја претставуваат Македонија.

Реклама

-Освојувањето на европската вицешампионска титула е голем успех за Христијан, но и за македонскиот мотоспорт. Ваквите резултати заслужуваат почит и поддршка. Како Министерство за спорт, ќе продолжиме да ги вреднуваме спортските достигнувања и да создаваме услови за развој на спортистите кои со својата работа и посветеност достојно ја претставуваат Македонија на меѓународната спортска сцена,  истакна Ристовски.

Како што се наведува во соопштението, Бузалковски се заблагодари за приемот и честитките, изразувајќи посебна благодарност за поддршката што ја добива од министерот Ристовски и од Министерството за спорт, која, како што истакна, има значајно место во неговиот натпреварувачки пат и во остварувањето на овој историски резултат.

Министерството за спорт информира дека  „ќе продолжи да ги поддржува спортистите и спортските резултати кои придонесуваат за афирмација на македонскиот спорт на европско и на светско ниво“.