Реклама

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Македонија

Гаши од Бутел: Канцелариите за контакт со граѓаните го доближуваат Собранието до јавноста

Зајакнувањето на институционалната соработка и унапредувањето на комуникацијата меѓу Собранието и граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зајакнувањето на институционалната соработка и унапредувањето на комуникацијата меѓу Собранието и граѓаните беа во фокусот на денешната посета на собранискиот претседател Африм Гаши на Општина Бутел и Канцеларијата на пратениците за контакт со граѓаните.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши во Бутел остварил работна средба со градоначалникот Дарко Костовски, на која биле разгледани можностите за продлабочување на институционалната соработка, тековните проекти во општината, како и плановите и приоритетите за наредниот период.

На средбата била нагласена важноста од континуирана координација и комуникација меѓу институциите со цел поефикасна реализација на проектите и иницијативите од интерес на граѓаните.

Реклама

По посетата на Општината, Гаши, заедно со пратеничката Каролина Насковска, ја посетил и Канцеларијата на пратениците за контакт со граѓаните во Бутел.

– За време на посетата, тој ги охрабри да го искористат максимално овој простор што овозможува директна комуникација меѓу граѓаните и пратениците, и го олеснува решавањето на нивните барања, предлози и загрижености. Истовремено, ја истакна важноста на информирањето на граѓаните за можностите што ги нуди канцеларијата, како и електронската платформа за контакт со граѓаните, како важни механизми за приближување на Собранието до граѓаните – стои во соопштението од Собранието.

Оттаму дополнуваат дека претседателот на Собранието ја потврдил заложбата за зајакнување на транспарентноста и отвореноста на институцијата, како и за создавање услови граѓаните полесно да ги остваруваат своите права и нивните барања да бидат разгледувани преку институционалните механизми.