Реклама

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Прилози

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Кој и да дојде на функцијата претседател во Бугарија, политиката на официјална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кој и да дојде на функцијата претседател во Бугарија, политиката на официјална Софија кон Македонија ќе остане иста. Ваков заклучок може да се извлече по единственото предизборно соочување на двајцата претседателски канидати Илијана Јотова и Андреј Ѓуров. Политичките опоненти силите си ги одмеруваа за францускиот предлог, кој бил похрабар кога се изготвувал документот и како се стинало до него. Јотова порача дека нема да остатпи ниту сантиметар од стратегијата на Софија кон Скопје и дека ќе продолжи да настојува  договорот и европските политики да бидат исполнети. 

„Ќе продолжуваме да настојуваме и пред нашите европски партнери – договорот и европските политики да бидат исполнети. Што се однесува до националната позиција, во мене гледате човек кој нема да отстапи ни еден сантиметар од тоа што е веќе договорено. И покрај тоа што Скопје прави многу сериозни обиди – да стават настрана определени протоколи, сакам да напоменам нешто друго: кога г-дин Кирил Петков беше премиер, бугарската позиција буквално беше спасена во ‘5 до 12’, бидејќи тој сакаше да ја предаде бугарската позиција“, изјави Илијана Јотова, актуелен претседател на Бугарија

Андреј Ѓуров пак ја критикуваше претседателската институција поради нејзиниот првичен однос кон францускиот предлог, посочувајќи дека решението кое тогаш било оспорувано денес,  е основата на бугарската политика кон Македонија.

Реклама

„Тогаш бев претседател на парламентарната група во Народното собрание, и се сеќавам какви беа нападите против Владата и тој договор. А тоа што ние успеавме да го направиме, е да ги заштитиме интересите на бугарските граѓани и да ја направивме бугарската позиција дел од заедничката европска позиција. Тогаш претрпевме многу напади и обвинувања дека се предаваат бугарските интереси. Сега кога веќе го имаме францускиот договор – сите партии, а сега ја слушаме и г-ѓа Јотова – го поддржуваат безрезервно, и се вели дека тоа е многу добро решение за Бугарија“, изјави Андреј Ѓуров, кандидат за претседател на Бугарија

Јотова ги отвори и тајните кујни како се подготвувал францускиот предлог.

„Се чудам, што сте правеле како претседател на парламентарната група, затоа што министерот за надворешни работи во вашата влада тогаш не излегуваше од  кабинетот на г-дин Радев,  за да работиме сите ние заедно на францускиот предлог, впрочем, како и со многу колеги од кабинетот на францускиот претседател, г-дин Макрон. И ако некогаш сме имале едногласност со вас, тоа беше за таа тема. Лошо е што вашиот премиер воопшто не знаеше за што станува збор и еден понеделник беше тргнал за Скопје, токму за да ја смени таа позиција. Тогаш се одржа таа консултативна средба кај претседателот“, рече Јотова.

„Може да се провери гласањето во Народното собрание. Значи сме биле ефикасни во убедувањето и покрај сложената ситуација, и покрај нападите од претседателството“, посочи Ѓуров.

„Г-дин Петков беше со мене во Скопје и можам да кажам дека за секунда беше готов да ја предаде бугарската позиција во однос на  С Македонија“, рече Јотова

„Факт, оти сега има консензус што сите го поддржуваат“, возврати Ѓуров

И дебатата не завршува тука. Споменатиот поранешен бугарски премиер Петков најави тужба .

„Се гледаме на суд госпоѓо Јотова.“, порача Петков.

Инаку  ставот на актуелната македонска влада е цврст по прашањето за спорот со Бугарија, дека нема да има отстапки во однос на македонскиот национален идентитет.