Реклама

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Прилози

Паметно земјоделство во Македонија: дронови, европски проекти и дигитални решенија

Дронови, сензори, паметно наводнување и дигитални алатки. Во макеонското земојделство се поголемо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дронови, сензори, паметно наводнување и дигитални алатки. Во макеонското земојделство се поголемо место заземаат технологијата, науката и иновациите. Целта е, преку модернизација да се покаже дека овој сектор не е застарен, туку нуди простор за иновации и професионален развој. На годинешниот саем за земјоделство „АГРО ЕКСПО 2026“ се претставени 21 европски проект, современа механизација и решенија што го менуваат начинот на кој се обработува земјата и се произведува храната.

„Целта на настанот е да се поврзат технологијата, дигитализацијата, она што значи едукација, академијата и неформалното образование со бизнисот. Тоа е склопот на триаголникот на знаење помеѓу академија, приватен сектор, јавен сектор и во делот на ЕУ проектите кои што финансираат различен тип на активности за развој на едукација и вештини.“, вели Илија Вучков, SPACE Park Скопје.

Како да се привлечат младите и да се мотивраат своето образование и кариера да ги насочат кон оваа област, е еден од главите фокуси на АГРО ЕКСПО. Преку поврзување на факултетите со компаниите и практично искуство, тие треба полесно да го најдат патот од образованието до работното место.

Реклама

„Ние на УКИМ секогаш внимаваме да не работиме само на теоретски научни истражувања, туку да се бориме и искуствата и знаењата од науката да ги пренесуваме во индустријата, да имаме постојана соработка со неа. Да спремаме дипломци кои се спремни веднаш да се вклучат во практичната работа и токму вакви европски проекти ни помагаат да се оддржи таа соработка.“, изјави Иван Чорбев, Проектор за меѓународна соработка и дигитализација, УКИМ.

Една од иновациите кои го менуваат современото земјоделство се дроновите.  Наместо процесите да зависат исклучиво од рачна работа, со помош на оваа технолгија, земјоделците можат попрецизно да ги следат посевите, навремено да ги откриваат проблемите и поефикасно да ги користат ресурсите.

„Се користат специјализирани дронови за мапирање на целите ниви, со тоа што ќе знаеме каде има дефицит на прехранливи материи, каде имаме суфицит и во однос на тоа да реагираме соодветно. Со таквиот пристап можеме да заштедиме голема количина на препарати, на вода.“, вели Мартин Михајлов, Компанија за земјоделски услуги со помош на дронови.

АГРО ЕКСПО е можност на едно место да се претстават потенцијалите на македонскот земјоделство, домашното производство и новите технологии кои го унапредуваат секторот. Преку европските проекти, иновациите и размената на знаење, целта е македонското земјоделство да добие нова развојна перспектива, но и да се отворат можности за поголема конкурентност и препознатливост на домашните производи.