Реклама

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Македонија

ДКСК го регистрира првиот странец лобист од Австрија во земјава

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска донесе решение со кое…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска донесе решение со кое го регистрира првиот странец лобист, кој во земјава доаѓа од Австрија.

Претседателот на ДКСК Адем Чучуљ на јавна седница информираше дека до нив било доставено барање од физичко лице, државјанин на друга држава, за запишување во Регистерот на лобисти, лоби организации и лобирање, а по проверка на податоците и исполнување на законските услови, лицето без пречки е запишано во Регистерот.

-Ова е прв случај на странец, државјанин на Австрија, да се запише како лобист во земјава. Лобистот се регистрира за лобирање во областа здравствена заштита, безбедност на храна, труд и социјална политика, економија, внатрешен пазар, занаетчиство, енергетика, заштита на животна средина и ветеринарство, транспорт, телекомуникации, градежно земјиште, буџет и финансии, девизно работење, локална самоуправа и локален економски развој и друго, информираше членот на ДКСК, Бесник Џемаили.

Реклама

Во Регистерот на лобисти, лоби организации и лобирање кој го води ДКСК во моментов има три лоби организации и два лобисти, а од денеска и еден лобист странец регистриран согласно актуелниот Законот за лобирање, кој е во фаза на измени и дополнување.

-Формираната работна група заврши со измените и дополнувањата на Законот за лобирање и оформен е финалниот текст кој ќе биде проследен во владина процедура. Се очекува до крајот на годината измените на законот да бидат донесени, но тоа е во надлежност на Министерството за правда. Суштинска новина во измените на законот е зајакнатата надзорна улога на ДКСК за органите кај кои што се лобира, бидејќи досега немавме регистрирани активности. Позитивно е што се регистрираат лобисти вклучувајќи и странец како физичко лице, но ние сакаме да имаме и пријавени активности на лобистите и лоби организациите, како и од органите кај кои се лобира, изјави Софија Спасова Медарска, членка на ДКСК.

Членовите на ДКСК денеска разгледаа 63 предмети од надлежност на Комисијата поднесени од познато или непознато лице, како и по сопствена иницијатива, а во три случаи ДКСК предметите ќе ги достави на постапување во Јавното обвинителство.