Реклама

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Македонија

Во Кавадарци се одржа панел-дискусија посветен на подигање на свеста за ракот на дојка

– По повод месецот посветен на подигање на свеста за ракот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– По повод месецот посветен на подигање на свеста за ракот на дојка, попладнево во Општина Кавадарци беше организирана панел-дискусија, наменета за девојки од трите средни училишта.

Панелистки беа докторките Цветанка Ристовска Гинева, Весна Ризова, Гордана Ѓорчева Камчева и фитнес-инструкторката Моника Ристовска.

– Целта е преку вакви настани да создадеме простор во кој младите ќе можат отворено да разговараат за теми, што се важни за нивното здравје, да поставуваат прашања и да добиваат стручни и проверени информации. Имаме четири панелистки од различни области – гинекологија, психијатрија, радиологија и физичка активност, со кои разговараме за женското здравје, превенцијата, менталното здравје, самодовербата и значењето на здравите животни навики – истакна Софија Маркова, службеник за млади при општина Кавадарци.

Реклама

Особено е важно, рече таа, што ова не е само класично предавање, туку интерактивна дискусија во која девојките имаат можност и анонимно да поставуваат прашања за теми за што можеби се срамат да разговараат.

– Верувам дека едукацијата и превенцијата треба да започнат уште од најрана возраст, а наша обврска е на младите да им обезбедиме поддршка, знаење и сигурен простор за разговор. Мојата порака до сите млади девојки е да не се плашат да поставуваат прашања, да не се срамат да побараат совет и да запомнат дека грижата за сопственото здравје не е луксуз, туку потреба – нагласи Маркова во изјава за медиумите.