Не само во Македонија, газдите на приватната клиника „Санте Плус“ правеле злоупотреби и во Албанија. Неофицијлано Билал Кара, сопственикот на очната болница „Санте Плус“, и Гериана Кара поранешна директорка на болницата се меѓу приведените во вчерашната акција на МВР.
Кара и Арапи по кои има потерница од Албанија, биле сосопственици и на приватната клиника „Интернешнл Медикер“ во Тирана, која е дел од групацијата „Санте Плус“. Клиниката која работеше во Албанија била блокирана лани во септември , по полициската операција наречена „Биланци“.
Според соопштението на албанската полиција, преку нефискализирани фактури било утврдено даночно затајување од над еден милион евра во периодот 2024–2025 година. При претресите биле пронајдени 27 вида лекови за кои постоело сомневање дека се со истечен рок, како и нефискализирани уплатници и компјутери. Во клиниката работеле и петмина неосигурени работници.
Инаку Кара, кој е еден од сопствениците на Клиниката „Интернешнл Медикер“, сегашна „Санте Плус“ пред три години беше именуван за почесен конзул на Македонија во Република Турција, со седиште во Измир.
Кара е успасен кај нас заедно со уште седумина меѓу кои и вработени во приватната болница и поранешни и актуелни вработени во Фондот за здравство.
Според информациите од македонската полиција кај нас криминалната мрежа а која ја создале 11 луѓе за кои веќе има кривични пријави, почнала да се плете пред шест години, кога тогашното раководство на ФЗОМ заедно со претставник од приватната здравствена установа склучиле договор што бил целосно спротивен на законските прописи и интерните акти на фондот. Покрената е кривична пријава против вкупно 11- мина.
-Постојат сомнежи дека во периодот од 2022 до 2025 година здравствената установа се стекнала со противправна имотна корист од 261.271.961 денар, односно околу 4,25 милиони евра. Со опишаната двојна наплата, според пријавата, биле оштетени меѓу 3.000 и 4.000 пациенти – наведуваат од МВР.
Според истрагата, на пациентите, покрај законската партиципација, им била наплаќана и приватна цена за операциите. Притоа, според пријавата, не им било соопштено дека услугите биле наплатувани и од Фондот. Се проценува дека биле оштетени од 3.000 до 4.000 пациенти.
Денеска реагираа од Приватната „Европска очна болница“ од Скопје , од каде негираат каквв било поврзаност со случајот. Од болницата тврдат дека во дел од медиумите биле објавени бројни невистини и најавуваат соработка со надлежните институции. Од болницата тврдат дека никогаш не оштетиле ниту еден пациент, ниту од здравствен, ниту од морален или финансиски аспект, и дека повеќе од една година не работат со Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

