Реклама

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Македонија

Градоначалникот Георгиевски на регионален форум посветен на Зелената агенда

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски учествувал на регионалниот форум „Зелена агенда:…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски учествувал на регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“, што се одржал во организација на Центарот за климатски промени, со поддршка од Владата на Швајцарија преку програмата „Цивика мобилитас“.

Георгиевски на панел дискусијата на тема „Локални зелени приоритети како основа за инвестиции и економски раст“, ги претставил реализираните проекти и идните приоритети на Општината во областа на енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија, управувањето со отпадот и развојот на зелената инфраструктура, со посебен осврт на проектите „Зелена Општина Илинден“ и „Светла Општина Илинден“.

Тој го истакнал значењето на соработката со бизнис-секторот, граѓаните и соседните општини, и нагласил дека зелените инвестиции не претставуваат само вложување во заштитата на животната средина, туку и важен предуслов за одржлив економски развој, намалување на јавните трошоци и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Реклама

– Учеството на овој форум претставува можност за размена на искуства, зајакнување на меѓуопштинската соработка и развивање нови партнерства. Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со реализација на зелени и одржливи проекти, насочени кон заштита на животната средина, локален економски развој и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, велат од Општината.