Реклама

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Македонија

Средба на претседателот на Собранието, Гаши со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Ивановиќ

Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, денеска се сретна со потпретседателот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, денеска се сретна со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Филип Ивановиќ, при што го поздрави напредокот на Црна Гора во процесот на европската интеграција, истакнувајќи ја важноста на овој процес, како и предизвиците со кои се соочува земјава на нејзиниот пат кон членство во Европската Унија – информираат од Собранието.

Тој ја нагласил важноста на соработката и меѓусебната поддршка, посочувајќи дека двете земји споделуваат заеднички стратешки цели за европска интеграција, стабилност и развој на регионот.

Потпретседателот на Владата на Црна Гора известил дека со македонската Влада е договорено воспоставување на авионската линија помеѓу Скопје и Тиват што може да ги поддржи економските и туристички односи во иднина. Воедно, тој зборувал и за процесот на интеграцијата на Црна Гора во ЕУ кој, како што рекол, може да заврши до 2028 година со полноправно членство во ЕУ. Потенцирал дека Црна Гора ја поддржува земјава во интегративниот процес оти само со целосна интеграција на целиот Западен Балкан во ЕУ ќе се обезбеди мир и развој во регионот.

Реклама

-На планот на парламентарната дипломатија претставникот од Црна Гора изрази надеж дека наскоро треба да дојде до посета на претседателот на Парламентот на Црна Гора на Македонија, а треба да се иницира и средба на парламентарните групи за соработка помеѓу двете земји – се вели во собранието од собраниската прес-служба.

На крајот на средбата, соговорниците изразиле желба средбите и соработката да се продолжи понатаму во заемна полза на двете страни. Гаши изразил уверување дека оваа средба како и другите средби со претставниците на пријателска Црна Гора ќе придонесат во понатамошно развивање на односите помеѓу двете земји.