Реклама

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Македонија

Ристески: Дигитализација и иновациите се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни

Владата ги помага домашните компании на нивниот пат кон технолошки развој и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата ги помага домашните компании на нивниот пат кон технолошки развој и воведување иновативни модели во производствените процеси преку повеќе мерки и активности. Наша стратешка цел е јавната поддршка да ја насочуваме кон мерки кои создаваат долгорочна вредност за компаниите и економијата, да помогнеме домашните компании да бидат посилни, помодерни и подобро подготвени за настап на европските и светските пазари – рече денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески во обраќањето на годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“, која се одржа во рамките на Меѓународниот саем за техника, технологија, енергетика и иновации „Енерго технома“ 2026.

Конференцијата ги обедини претставниците на индустријата, институциите и експертската јавност во дискусија за дигиталната трансформација, иновациите и зајакнувањето на конкурентноста на македонското производство.

– Ваквите саеми се уште едно потсетување за времињата во кои живееме, за технолошкиот напредок во светот и за компаниите кои го користат во нивното функционирање. Ние повеќе не говориме за потребата од дигитализација и воведување иновации во производствените капацитети, ние говориме за нивната неопходност со цел компаниите да опстанат, да растат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар – оцени Ристески.

Реклама

Тој се осврна на поддршката која Владата и Министерството за економија и труд им ја даваат на домашните компании во нивната дигитална трансформација и во развојот и воведувањето иновативни технолошки процеси со цел зголемување на конкурентноста на меѓународниот пазар.

Годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“ е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустријата (MAMEI), Стопанската комора на Македонија и Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМАК.