Дигитализацијата, вештачката интелигенција (ВИ) и современите технологии во земјоделството веќе не се прашање на избор, туку неопходност, порачаа учесниците на денешниот настан „Агро експо за ЕУ проекти“, кој на едно место ги собра производителите, науката и бизнисот.
Како што беше нагласено, иновациите имаат вистинска вредност само кога ќе станат достапни за производителите на храна и кога ќе им помогнат да произведуваат полесно, поефикасно и поконкурентно.
_1guV6bKHw/large.webp?use_watermark=1)
-Земјоделството на иднината не се создава само во лаборатории и на конференции, туку и на нивите, фармите, во насадите и во компаниите кои секојдневно произведуваат храна. Само со едуцирани, мотивирани економски силни производители, Македонија може да има силно земјоделство. Ако денес не инвестираме во агрономи и стручни кадри, утре ќе нема кој да ги применува современите технологии во примарното земјоделско производство, истакнаа претстваниците на компаниите.
Додадоа и дека поврзувањето на технологијата, дигитализацијата, едукацијата, академијата и неформалната образованост со бизнисите, е од суштинско значаење.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски ја акцентираше важноста на системското поврзување на научните сознанија со политиките и мерките за поддршка на земјоделските стопанства.
_wVrBXzf6a/large.webp?use_watermark=1)
-Во услови на климатски промени, високи производствени трошоци и пазарни притисоци, ваквиот пристап до знаење ќе им помогне на земјоделците да дојдат до сознанија кои ќе значат поефикасно користење на ресурсите, пониски производствени трошоци и висок квалитет на приносот, подвлече Серафимовски.
Според претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Горан Ѓорѓиевски, денес земјоделството се соочува со сериозни предизвици – климатски промени, недостиг на работна сила, зголемени производствени трошоци и сè поголема поголема конкуренција на пазарите.
_c9IBJDL1A/large.webp?use_watermark=1)
-Токму затоа, дигитализацијата, вештачката интелигенција и современите технологии веќе не се прашање на избор, туку неопходност. Иновациите имаат вистинска вредност само кога ќе станат достапни за производителите на храна и кога ќе им помогнат да произведуваат полесно, поефикасно и поконкурентно. Затоа ни се потребни конкретна институционална поддршка насочена кон вистинските производители на храна, поволни финансиски средства, грант шеми, едукација и посебна соработка помеѓу науката и стопанството, рече Ѓорѓиевски.
Дополни и дека особено е важно за нас, како земја со значаен земјоделски потенцијал, да создадеме услови младите луѓе да ја гледаат својата иднина во земјоделството како модерна, достоинствена и профитабилна професија.
_emFc0gAuq/large.webp?use_watermark=1)
-Сакам да отворам едно многу важно прашање: како да ги мотивираме средношколците да се запишуваат на земјоделските факултети. На примарното земјоделско производство му се потребни млади, образовани и стручни кадри, агрономи кои ќе применуваат кои ќе ги применуваат новите технологии директно во производството. Затоа предлагаме посилно поврзување на факултетите со компаниите, стипендии за студентите, платена практична работа и можност за сигурно вработување по завршување на студиите, напомена претседателот на ССК.
Потенцира и дека ако сакаме модерно земјоделство, мора да инвестираме не само во машини и технологии, туку и во младите луѓе кои ќе знаат да ги користат.
_at2MWEAYe/large.webp?use_watermark=1)
-Ги повикувам земјоделските факултети, ресорното Министерство, надлежните институции и компаниите, заеднички да создадеме програма преку која ќе ги мотивираме средношколците да го изберат земјоделството како своја идна професија преку стипендии, платена практична обука во компаниите и можности за вработување, да им покажеме на младите дека земјоделството не е професија на минатото, туку професија на иднината, апелира Ѓорѓиевски, оценувајќи дека проектите поддржани од ЕУ се одлична можност знаењето и новите технологии да се преточат во практични решенија кои ќе бидат достапни и применливи за производителите на храна.
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како што беше речено, секогаш внимава да не работи само на теоретски научни истражувања, туку и на пренесување на стекнатите знаења во индустријата, на креирање дипломци кои се веднаш подготвени да се вклучат во практичната работа.
_TgsaJqivP/large.webp?use_watermark=1)
На „Агро експо на ЕУ проекти 2026“, современата механизација, дигиталните решенија и европските проекти им се буквално ставени на располагање на македонските производители. Преку директните контакти со компаниите и истражувачите, тие имаат можност да се запознаат со технологиите за модернизација на производството и за поекономично користење на ресурсите.
Меѓу учесниците на настанот беше и Мартин Михајлов, од компанија за услуги во земјоделството со помош на дронови. Рече дека засега во Македонија дронови за земјоделство нудат едвај пет фирми (лица).
-Дронот овозможува унапредување на земјоделството преку скенирање, анализа на земјиштето, третирање, прихрана, заштита на посевите,… Се користат специјализирани дронови за мапирање на нивите за да се утврди каде, на пример, има дефицит на одредени хранливи материи, каде има суфицит и во однос на тоа се прави третирањето. Со таквиот пристап можеме да заштедиме голема количина препарати, вода, а дронот ја зголемува и брзината на третирање без разлика на временските услови или влажноста на земјиштето, објасни Михајлов.
Дронот воопшто не ги гази посевите, поради што и воопшто нема загуба кај посевите.
_0bbYMu4mb/large.webp?use_watermark=1)
-Дроновите заштедуваат многу, поради што цената на земјоделските производи е многу пониска и е поконкурентна, како тука во Македонија, така и надвор, истакна Михајлов.
Просторот во кој е организиран настанот, т.н. Спејс Парк Скопје, е се уште во подготовка и треба да биде целосно опремен до февруари идната година. Лоциран е во Општина Гази Баба и ги сублимира сите ЕУ проекти во земјоделството, технологиите и храната. Денеска беа претставени 21 проект, а настанот продолжува и утре.
-Ваквите „сервиси“ се можност локалните претпријатија и производителите да остварат соработка со факултетите и меѓународните партнери во земјоделството и производството на храна, што значи поврзување на практичното искуство со современите технологи. За Гази Баба соработката со ваквите иницијативи е можност да се поттикнат претприемништвото и учеството на локалните компании во европските партнерства. Посебно е значајно што може да се вклучат младите, за да стекнат применливи вештини и да ги препознаат можностите за обработување и сопствен бизнис, велат од Општината.

