Во Куманово, денеска се одржа традиционалната трка „Born 2 Run – Спортот нè поврзува“, во организација на Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) од Куманово, во соработка со Општина Куманово. Трката почна на Градскиот плоштад „Нова Југославија“ во Куманово.

-Цел е преку спортот да ги поврзе луѓето од различни заедници, да промовира здрави животни навики, меѓусебна доверба, соживот и заедништво- изјави Јована Јордановска од ЦИД.

Учесниците трчаа на три и десет километри од градскиот плоштад низ центарот на Куманово.

-Ги поддржуваме активностите на ЦИД како општина, бидејќи е младински центар кој ги обединува младите од градот. Драго ми е што се одржува трката и покрај дождливото време- изјави претседателката на советот, Ивана Ѓорѓиевска.

Програмата вклучи промотивни активности на Младинскиот центар „MultiКулти“, презентација на територијалната противпожарна единица – Куманово и Црвен крст – Куманово, како и музика и заедничко загревање на учесниците.

