Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Прилози

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Наместо со упати за конкретни специјалности, пациентите од Истокот прво ќе бидат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо со упати за конкретни специјалности, пациентите од Истокот прво ќе бидат прегледувани во Ургентен центар во Штип. Целосната реконструкција на просториите во кои ќе функционира оваа служба е речиси завршена, по што ќе следува опремување со инвентар и пуштање во употреба. Планирано е да работат специјализанти кои ќе бидат под надзор на специјалисти со долгогодишно искуство.

„90% од Ургентниот центар веќе се направени. Има уште некои ситни работи што треба да се средат, а потоа ќе почнеме со опремување со мебел, кревети и инвентар. Организациски веќе правиме планови за персоналот што ќе работи долу“, изјави директорот на штипската Клиничка болница, д-р Владко Захариев.

Центарот ќе овозможи побрзо згрижување, бидејќи нема да се губи време во барање соодветен специјалист, особено кога станува збор за критични пациенти од другите градови во регионот. Овде ќе се вршат првичните прегледи, по што ќе се проценува на кое одделение да продолжи лекувањето, бидејќи одредени служби не работат 24 часа на ден.

Реклама

„Целта ни е кога ќе се формира Ургентниот центар да биде влезната врата во болницата. Планираме тие приоритетни упати да ги блокираме и влез ќе биде Ургентниот центар. Тоа значи некој што има проблем во Берово или Пехчево со упат, тријажата ние ќе ја направиме, бидејќи ние во моментот имаме увид кој специјалист е на работа и кој треба да се повика. Протоколите сами ќе си ги правиме“, изјави директорот на болницата во Штип, д-р Захариев.

Отворањето на Ургентниот центар е долгогодишна идеја која не можеше да се реализира поради недостиг од кадар и простор. Со пренамена на модуларната болница во специјалистички амбуланти се создадоа услови за новата служба. Инаку, штипската Клиничка болница има највисок индекс на сложеност на случаи во споредба со клиничките болници во Тетово и Битола, а отворањето на новиот центар дополнително треба да ја унапреди здравствената заштита на околу 150.000 жители во регионот.