Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

Потпалувачот на двете дипломатски возила на бугарската амбасада ја призна вината пред судот

Обвинетиот за палењето на двете дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинетиот за палењето на двете дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје на денешното судско рочиште ја призна вината за делото што го стори на 15 јуни годинава.

– Се чувствувам виновен и во целост ја признавам вината. Сам одлучив – изјави обвинетиот пред судот.

Станува збор за 44-годишниот скопјанец, кој на 15 јуни 2026 година, околу 12:05 часот, запали две дипломатски возила паркирани пред амбасадата на Република Бугарија, на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје.

Реклама

Според информациите изнесени на рочиштето, обвинетиот во моментот на извршување на делото носел маица со ликот на Гоце Делчев.

На денот на инцидентот тој излегол од својот дом и со автобус пристигнал во центарот на Скопје. На бензинска пумпа на „Макпетрол“ во близина на амбасадата наполнил бензин во пластично шише, по што ја преминал улицата и се приближил до паркираните дипломатски возила. Ги полеал со бензин, ги запалил со запалка и веднаш го напуштил местото на настанот.

Опожарените возила ги користеле военото аташе на Бугарија и други вработени во дипломатското претставништво. Инцидентот предизвика реакции во јавноста, а полицијата истиот ден го идентификуваше и го приведе осомничениот.