Реклама

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Македонија

Спортски натпревари и симболично засадување дрво во Делчево на вториот ден од одбележувањето на Денот на европската соработка

Со спортски натпревари и симболично засадување дрво, денеска во Делчево заврши одбележувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со спортски натпревари и симболично засадување дрво, денеска во Делчево заврши одбележувањето на Денот на европската соработка и 36-годишнината од програмата Interreg.

Вториот ден од одбележувањето како што информираше градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски беше посветен на спортот, дружењето и промовирањето на прекуграничната соработка, како можност за поврзување на локалните заедници и создавање нови содржини за граѓаните, особено за младите.

-Во рамките на денешните активности беше засадено симболично дрво, како знак на пријателството, партнерството и заедничката посветеност кон европската соработка. Активноста беше поврзана со проектот за изградба на скејт-паркот во Делчево, кој се реализира со финансиска поддршка од програмата Interreg IPА, истакна Гоцевски.

Реклама

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китaнски, кој ја истакна важноста на прекуграничната соработка и можностите што ги отвораат европските програми за развој на општините.

Одбележувањето во Делчево беше можност да се потенцираат резултатите од долгогодишното партнерство меѓу Македонија и Република Бугарија, преку кое се реализирани бројни проекти во областа на инфраструктурата, економскиот развој, туризмот, спортот и подобрувањето на квалитетот на животот.

Со денешните спортски активности и симболичното засадување дрво заврши дводневната програма во Делчево, посветена на европската соработка, пријателството и заедничкиот развој на пограничните региони.

Настанот уште еднаш ја потврди улогата на програмата Interreg IPA во поврзувањето на заедниците и претворањето на прекуграничното партнерство во конкретни придобивки за граѓаните.