Реклама

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Македонија

Градоначалничката на Неготино во Стразбур учествуваше на Конгресот на локални и регионални власти

Во „Палатата на Европа“ во Стразбур учествував на Конгресот на локални и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во „Палатата на Европа“ во Стразбур учествував на Конгресот на локални и регионални власти – информираше вечерва неготинската градоначалничка Марија Нацева.

– Во периодот од 27 до 29 октомври како градоначалник на општина Неготино и претставник на ЗЕЛС, учествував во работата на 51. сесија на Конгресот на локални и регионални власти што се одржа во „Палатата на Европа“ во Стразбур – Франција – напиша Нацева на Фејсбук.

Таа додаде дека како претставник на нашата држава на Конгресот, заедно со другите присутни разговарале за приоритетите на Конгресот за периодот 2026-2031 година.

Реклама

– Ја разгледавме Европската повелба за локална самоуправа во најмалите држави, а на Конгресот се расправаше и за отсуството од училиште и одговорот од локалните заедници – додаде Нацева.

На Конгресот во Стразбур на дневен ред биле и прекуграничната соработка меѓу регионите, новите можности за руралните заедници, демократската отпорност во време на кризи, за младинските проекти и други актуелни теми.

– Од перспектива на општина Неготино, ова беше работна средба мошне значајна за подигнување на квалитетот на локалната демократија – додаде Нацева.