Реклама

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Македонија

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обратила на настанот „Национален дијалог во пресрет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обратила на настанот „Национален дијалог во пресрет на СОР31“, организиран од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Како што соопшти претседателскиот Кабинет, таа истакнала дека климатските промени не се само прашање на заштита на природата, туку системска криза што ги погодува сите сегменти на општеството и бара итност, одговорност и заедничка акција.

Сиљановска Давкова ја нагласила важноста од брзо усвојување на Законот за климатска акција, кој, како што истакна, е еден од најважните документи во реформската агенда поврзана со ЕУ, а за кој е добиено зелено светло од Европската Комисија во однос на усогласеноста со европското законодавство.

Реклама

Во пресрет на COP31, во Анталија, каде што претседателката ќе ја предводи македонската државна делегација, таа порачала оти треба да настапиме со јасни национални приоритети, подготвени проекти и конкретно дефинирани потреби за финансирање.

-И годинава, за жал, климатскиот самит ќе се одржи во услови на геополитички тензии и воени конфликти. Звукот на оружјето одекнува насекаде во светот. Во 2024 година, војните однесоа околу 239.000 животи, што е највисокиот годишен број во последниве години, според Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот – SIPRI. Но, среде разурнувањето, една жртва останува речиси невидлива, а нејзиното страдање сѐ повеќе се потиснува на маргините на вестите и насловните страници. Таа жртва е нашата планета, нашиот единствен дом што го уништуваме – истакнала Сиљановска Давкова.

Според неа, Конференцијата е можност не само да ги артикулираме нашите приоритети, туку и да покажеме дека сме подготвени климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати.

-Мојата, нашата држава, се наоѓа во еден од климатски најранливите региони на светот, Медитеранот. Извештајот на Светската банка за климатските промени и развојот кај нас предупредува дека загубите од катастрофи и екстремни климатски настани во претходните 20 години се проценуваат на 667 милиони американски долари. Без инвестиции во адаптација, годишните очекувани штети би можеле да достигнат 4% од БДП до 2050 година. Овие бројки не се само економски показатели. Тие се предупредување за ресурсите што можеме да ги изгубиме, за развојните можности што можеме да ги пропуштиме и за човечката цена со којашто не смееме да се помириме – навела претседателката.

Таа истакнала дека македонските граѓани и македонската економија веќе ги чувствуваат последиците.

-Во светски рамки, македонскиот удел кон емисијата на стакленички гасови, а со тоа и кон глобалното затоплување, е занемарливо мал. Но, на национално и локално ниво, овој удел претставува сериозен здравствен, економски и безбедносен ризик. Малите држави, како нашата, незсразмено повеќе ги чувствуваат последиците. Затоа, ние не смееме да правиме компромиси со иднината – посочила претседателката.

Таа нагласила дека Предлог-законот за климатска акција е еден од најважните документи во реформската агенда поврзана со ЕУ.

-Пред два дена добивме зелено светло од Европската Комисија дека е усогласен со европското законодавство. И тоа мене ме радува. Без навремена и предвидлива законска рамка не може да има ефикасна превенција. Затоа, законот за климатска акција мора да биде усвоен што е можно поскоро. Но, иако е неопходна, добрата законска рамка сама по себе не е доволна. Покрај превенцијата, мора посветено да работиме и на адаптацијата кон климатските промени и на јакнењето на отпорноста на државата. Во таа насока, на тематската седница беше предложено воспоставување Национален интегриран мултихазарден информативен систем за превенција од катастрофи, како стратешки национален проект – истакнала претседателката.

Сиљановска Давкова заклучила дека решенија постојат, а достапни се и европски и меѓународни механизми за финансирање, техничка поддршка и трансфер на технологии и оти нашата задача е активно да ги користиме – тоа значи да подготвуваме квалитетни проекти, да ги поврземе науката, институциите, општините и приватниот сектор и да обезбедиме инвестициите да носат јасни и мерливи резултати.

-Во пресрет на COP31, треба да настапиме со јасни национални приоритети, подготвени проекти и конкретно дефинирани потреби за финансирање. COP31 треба да биде можност не само да ги артикулираме нашите приоритети, туку и да покажеме дека сме подготвени климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати – порачала претседателката.