Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Економија

Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг заклучно со крајот на оваа и следната година ќе биде под 60 проценти

Јавниот долг заклучно со крајот на годинава и следната година ќе биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавниот долг заклучно со крајот на годинава и следната година ќе биде под 60 проценти. Растот е проектиран за следната година на 3,8 проценти, зборуваме за реален раст, а инфлацијата на 3,2 проценти во услови кога инфлацијата на глобално светско ниво е проектирана на 4,1 процент. Ние до овој период покажавме како Влада со мерките кои ги преземаме дека успеваме да ја држиме инфлацијата на пониско ниво од она што значи Европа, па и светот, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата. 

Во однос на тоа што се очекува со приходите, рече дека тие се многу внимателно проектирани, за секој приход има методологија која е потпомогната низ годините наназад од страна на Меѓународниот монетарен фонд и врз основа на тоа се правени проекциите.

– Најпесимистички сме настроени во делот на акцизите каде ги имаме зголемено за 1,5 милијарда денари и тоа нормално е дека очекуваме да имаме раст кај акцизите од тутун и алкохолни пијалаци. Тоа е нешто што го очекуваме дека ќе имаме пораст на количини, имаме и промени во делот кај тутунот со царинските стапки. Така што тука очекуваме и имаме песимистичко сценарио. Не мислам дека имаме некоја грешка во проекциите во тој дел. Во 2026 година направивме корекции единствено само во делот на акцизите. Во другиот дел ние корекции немаме направено. Очекувањата се дека ќе имаме реализација на Буџетот, единствено нешто што ќе видиме е во делот на данокот на добивка, затоа што во него го евидентиравме солидарниот данок – посочи Димитриеска-Кочоска.

Реклама

Исто така, потенцира министерката, е предвидено и за идната година така да го прикажеме солидарниот данок кој го враќаме и во суштина го сторнираме од данокот на добивка и имаме повеќе наплатено данок на добивка, но заради парите кои ги враќавме назад, не беше обврска која ние ја создадовме туку претходната влада, ние имаме прикажување на данокот на добивка во помала наплата од тоа што реално е наплатено.

– За следната година бевме исто така повнимателни, бидејќи на крајот тука ќе бидат прикажувањата и следната 2027 година имаме уште 1,5 милијарди денари да вратиме од солидарниот данок, додаде Димитриеска-Кочоска.