Во организација наМакедонската асоцијација на земјоделски задруги (МАЗЗ) денеска во Струмица ќе се одржи Балканската конференција на задруги.
Како што се посочува во соопштението од МАЗЗ, конференцијата има за цел да ги обедини земјоделските задруги и задружните сојузи од Балканскиот регион, да поттикне размена на искуства и да придонесе кон унапредување на регионалната соработка.

