– Во Куманово ќе се одржи традиционалната трка „Born 2 Run – Спортот нѐ поврзува“, во организација на Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) од Куманово, во соработка со Општина Куманово.
Трката ќе се одржи на Градскиот плоштад „Нова Југославија“ во Куманово, а нејзина цел е преку спортот да ги поврзе луѓето од различни заедници, да промовира здрави животни навики, меѓусебна доверба, соживот и заедништво.
Организаторите велат дека покрај трките на 3 км и 10 км, оваа година програмата ќе вклучува и промотивни активности на Младинскиот центар „MultiКулти“, презентација на Територијалната противпожарна единица – Куманово и Црвен крст – Куманово, како и музика и заедничко загревање на учесниците.
По завршувањето на трката е предвидено прогласување на победниците и доделување награди.

