Реклама

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Македонија

Собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе одржи надзорна расправа за „Алта банка“

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска донесе одлука за одржување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска донесе одлука за одржување на Надзорна расправа на тема „Причини за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, на иницијатива на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

На седницата беше изгласан и заклучок во најкус можен рок да се одржи и заедничка координација со членовите и заменик-членовите на Комисијата за финансирање и буџет за утврдување на роковите, времетраењето и сведоците на самата надзорна расправа.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не се согласија со првичниот наслов за надзорната расправа, кој гласеше „Причини за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционална одговорност за измамата на граѓаните“. Тие побараа насловот да биде без формулацијата „за измамата на граѓаните“.

Реклама

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска истакна дека не може однапред да се констатира дека станува збор за измама на граѓаните.

-Ние не сме тука суд, односно вие не сте суд за да дефинирате дека се работи за некаква измама на граѓаните. Така што, доколку се согласувате овие крајни три збора да се отстранат од предлогот на темата на вашата иницијатива, тогаш секако дека ќе ја поддржиме – рече Стојаноска.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски оцени дека случајот со Алта банка се разликува од оној со „Евростандард банка“, бидејќи, како што посочи, нема судски процеси и обвинение.

-Мојот предлог е следниот: „Причини за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“ – рече Стојаноски.

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски нагласи дека е можен договор за формулацијата на насловот и потсети дека првичниот текст бил преземен од иницијатива за надзорна расправа за Евростандард банка.

– Инаку, насловот е препишан од вашата иницијатива за поведување на надзорна расправа за „Евростандард банка“. Ако тогаш како опозиција сте биле суд, тогаш дозволете и ние да бидеме таков исти суд. Но, прифаќам да седнеме веднаш да го договориме насловот и да ја поминеме точката.  Насловот или прифатлив е за нас. Еден од чекорите за надзорна расправа е веднаш да седнат членовите на Комисијата и да се договорат детално распоредот како и кога ќе се одржи. Сакате утре, сакате… кога сакате ќе седнуваме, ќе се договараме во најкратки можни рокови, заради тоа што сметам дека е добро што сме се разбрале сите дека дел од вработените во Собранието нема да земат плата, пензионерите итн., тоа мора да го решаваме – рече Спасовски. 

Членовите на Комисијата дадоа поддршка и ги проследија на натамошна собраниска постапка Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Фондот за осигурување на депозити. Поддршка не доби Предлог-законот за семејна и станбена поддршка, во прво читање, поднесен од Левица.