Невролози и неврохирурзи од Универзитетскиот клинички центар Љубљана и од универзитетските клиники во Скопје денеска на панел дискусија разговараа за длабоката мозочна стимулација (DBS) кај Паркинсоновата болест и за антиамилоидните терапии со леканемаб и донанемаб во раната фаза на Алцхајмеровата болест. Се разговараше и за предусловите за нивно воведување во Македонија.
– Длабоката мозочна стимулација не е нова метода, но е извонредно успешна и докажана во изминатите 30 години. За жал во Македонија се уште не се изведува и со тим невролози, неврохирурзи за да започнеме со планирање на имплементација за оваа метода и да се направи подготовка на системот инфраструктурата за подготовка на новиот третман за Алцхајмеровата болест, истакна проф. д-р Габриела Новотни од Клиниката за неврологија.

Проф. д-р Дејан Георгиев од Универзитетска клиника за неврологија, при Универзитетскиот клинички центар во Љубљана рече дека одлична е иницијативата и можноста да се воведе длабоко мозочна стимулација за лекување на пациенти со Паркинсонова болест. Посочи дека станува збор за терапија што може да се користи не само за лекување на Паркинсонова болест, туку и на други болести: пореметување на движења, дистонија, тремор.
– Се отвора можност за лекување и на други невропсихијатриски болести. Во Словенија на Клиниката за неврологија длабока мозочна стимулација се изведува веќе 15 години самостојно. Имаме традиција на лекување напредната фаза на Паркинсонова болест веќе 30 години. Драго ми е што знаењето од Љубљана можам да го пренесам тука во Скопје. Пациентите добиваат практично можност за нов живот со длабока мозочна стимулација. Значи квалитетот на животот во напредната фаза на Паркинсонова болест е толку влошен да не можат да ги извршуваат нормалните активности на дневен живот. Со длабока мозочна стимулација состојбата се враќа барем за 10 години поназад. Со длабока мозочна стимулација се решаваат многу проблеми со кои што се соочуваат пациентите со Паркинсонова болест во таа напредната фаза, рече проф.д-р Георгиев.

Појасни дека целиот тој процес на подготвување на пациентот до операција и после е во рацете на неврологот.
– Знам дека во Македонија пациентите одат да се оперираат во странство, поготово во Турција, соработката апсолутно не е лоша работа. Но, проблемот е во тоа што тие пациенти кога се враќаат во Македонија нема кој да ги води. Длабока мозочна стимулација не значи само да се стават електроди во мозокот, треба да се стимулација титрира понекогаш за да се дојде до оптимална терапија со стимулација во комбинација со лекови трае околу една година. Апсолутно не е доволно само да се оперира и да се вклучи стимулација, и потребно е потребно е да се соберат искуства од страна на неврохирургија и на неврологија. Многу е битно да се воспостави база на знаење во Македонија. Од финансиски причини е идеално затоа што парите остануваат во Македонија. Како и знаењето и здравјето на пациентите останува во рацете на лекарите во Македонија, истакна проф.д-р Георгиев.
Според него, и кај нас непречено може да се изведува таа метода.
– Мислам дека апсолутно дека има апсолутно критичко ниво на знаење како на страна на неврологија како и на страна на неврохирургија. Значи тој е процес на учен процес кој што може да се совлада практично во рок од 6 месеци до најмногу една година, додаде проф.д-р Георгиев.
Директорот на Клиниката за неврологија, Јован Божиновски рече дека средства има и треба да направат мултидисциплинарни тимови, за да може таа метода да ја почнат кај нас.
– Искрено навистина сум оптимист дека наредната 2027 година ќе започнеме со првиот пациент, секако со огромна поддршка на Клинички центар Љубљана. Околу вториот дел од денешната дискусија ќе биде новостите во третманот на деменциите, кои се брзорастечки болести и бидејќи нашата популација старее, тоа е нешто што ќе биде предизвик во иднина за третман и ќе бара многу средства за третман на овие пациенти. Болеста е едно оптоварување и за здравствените и финансиски системи, меѓутоа и за семејствата на пациентите и за пациентот. Веќе разговараме за иновативните лекови, таканаречената биолошка терапија. Таа сè уште не се применува кај нас. Примената е ограничена и во регионите во земјите од регионот. Меѓутоа ние мораме да бидеме подготвени за иднината која што ни доаѓа, додаде д-р Божиновски.

Одговарајќи на новинарско прашање тој рече дека направил статистика за минатите две години и дека испратиле повеќе од 10 пациенти за лекување во странство. Во овој момент, посочи, има во процедура уште двајца и за таа цел ние формиравме интерна комисија на Клиниката за неврологија, бидејќи тие барања ќе бидат разгледувани од три члена на комисијата, а понатаму ќе бидат упатувани до стручниот колегиум и до Фондот за здравствено осигурување, бидејќи сакаме тие пациенти да бидат добро селектирани, затоа што не секој пациент со Паркинсон е кандидат за изведување на оваа метода.
Министерот за здравство Сашо Клековски рече дека со Алцхајмеровата болест има околу 24.000 пациенти, а со Паркинсоновата болест има околу 5.000 пациенти, кои се најбрзо растечките болести во моментов, со предвидување за тоа и на поголеми бројки за само неколку децении од сега.

– Длабоката мозочна стимулација се работи во светот повеќе години, ние испраќаме пациенти во Турција. Сметаме дека е момент за воведување на оваа метода во Македонија. Моите сознанија се дека Клиниката за неврохирургија во Скопје е технички подготвена за ваков тип на интервентност, а апаратурата што е потребна за ваков тип интервенција е достапна. Сега ја имаме поддршката за која сум многу благодарен на Универзитетскиот клинички центар во Љубљана да го пренесе своето повеќегодишно искуство и мислам дека сите состојки се тука и е време да започнеме со процедурата. Во однос на втората тема, веќе се достапни регистрирани одредени терапии за Алцхајмерова болест. Од 2025 година тие сè уште сè многу со ограничена употреба и во Европа, кај нас не се достапни, рече Клековски и додаде дека мора да отворат стручна расправа, додаде Клековски.

