Реклама

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Македонија

Министерот Ѓоко Велковски во работна посета на Општина Куманово

– Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска оствари работна посета на Општина Куманово, во рамки на која посети неколку установи и организации од областа на социјалната и детската заштита, со посебен фокус на унапредувањето на инклузијата и поддршката на лицата со попреченост.

Во рамки на посетата, министерот ја посети ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово, објектот „Пчелка“, каде што беа отворени дефектолошките кабинети. При посетата, тој се запозна со условите за работа, активностите и стручната поддршка што ќе им биде обезбедена на децата со попреченост, но и со можностите за унапредување на грижата и развојот на сите деца. Целта е градинките да бидат места во кои децата со попреченост ќе ја добијат потребната грижа и поддршка, а сите деца ќе растат, учат и се развиваат во средина на прифаќање, еднаквост и меѓусебна почит.

Во рамки на посетата на Општина Куманово, министерот учествуваше на панел-дискусијата на тема „Животот со попреченост – предизвици, поддршка и инклузија“, организирана од Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“ – Куманово, во соработка со Општина Куманово и Министерство за социјална политика демографија и млади.

Реклама

На панел-дискусијата се отворија прашања поврзани со секојдневните предизвици со кои се соочуваат лицата со попреченост и нивните семејства, потребата од достапни и квалитетни услуги, институционалната поддршка, како и унапредувањето на инклузијата и еднаквите можности во општеството. Работната посета заврши со посета на Центарот за социјална работа во Куманово, каде што министерот се запозна со тековното функционирање, активностите и предизвиците во работењето на установата.

-Преку ваквите непосредни посети и средби со институциите и здруженијата, Министерството продолжува да ги следи состојбите на терен, да ги идентификува потребите и предизвиците и да работи на унапредување на системот на социјална заштита, со посебен акцент на достапноста на услугите, поддршката на ранливите категории граѓани и градењето инклузивно општество за сите- наведуваат од Министерството.

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски рече дека заедно со министерот ја посетиле градинката, при што, директорката Ивана Николиќ и вработените го презентирале новиот дефектолошки кабинет – специјално опремена просторија наменета за стручна поддршка и дополнителна едукација на децата.

-Особено значајно е што кабинетот е реализиран со сопствени средства на градинката, како дел од заложбите за унапредување на инклузијата и обезбедување еднакви можности за секое дете. Ваков кабинет за инклузија веќе функционира и во објектот „Синоличка“- објави Димитриевски.