Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Велковски: Ќе се разговара за идната намена на „Пионерскиот дом“ за Куманово

Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе разговара со Општина Куманово…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе разговара со Општина Куманово и со надлежните владини институции за идната намена на „Пионерскиот дом“, објект кој е во владение на Министерството и со години е оставен да пропаѓа, информираше денеска Министерот Ѓоко Велковски при посетата на Куманово. Тој изјави дека прашањето било отворено и на денешната средба со градоначалникот на Куманов, Максим Димитриевски и оти засега е предвидено објектот да биде затворен и обезбеден за да не претставува опасност за граѓаните.

– Ќе разговараме со Генералниот секретаријат на Владата за да го расчистиме овој проблем. Мора да се договориме за комплетната намена на домот, заедно со сите чинители, Општината и нашето Министерство и Владата за да може објектот да го искористиме во вистинска смисла. Засега ќе го затвориме просторот за да биде непристапен, односно безбеден за кумановци, а потоа дополнително ќе одлучиме каква ќе биде неговата намена, рече Велковски.

Во врска со најавената изградба на детска градинка во населбата „Зелен Рид“, министерот информираше дека проектната документација сега е  комплетирана и дека Општина Куманово ќе аплицира за средства од програмата за поддршка на капиталните инвестиции. Тој појасни дека проектот не бил целосно подготвен за претходниот повик за унгарскиот кредит, но сега документацијата е комплетирана и доставена во Министерството.

Реклама

– Тоа беше една од точките што ги разговаравме со градоначалникот. Документацијата за градинката во населбата Зелен Рид сега е комплетирана и отворен  е повик за програмата за поддршка на капиталните инвестиции. Градоначалникот ќе аплицира заедно со Советот на Општина Куманово, по што ќе продолжи постапката- изјави Велковски.

Одговарајќи на новинарски прашања за недостигот од кадар во Домот за стари лица „Зафир Сајто“, кој опслужува корисници од поширокиот Североисточен регион, Велковски рече дека од почетокот на 2024 година досега биле ангажирани повеќе од 20 лица.

Тој рече дека на установата ѝ е потребен дополнителен персонал за да може да обезбеди поквалитетна грижа за корисниците, но посочи дека бројот на вработувања е ограничен со блк дотациите за  одобрените кадровски и финансиски можности. Министерот рече дека ќе биде подготвен план. Како позитивен чекор, ресорниот министер ја посочи и најавената реконструкција на ново крило во установата, проект што ќе се реализира со поддршка на прекугранична соработка и апликација на локалната самоуправа.

-Чекор по чекор се исполнува она што сме го замислиле и ветувале пред две години. Потребно е време за целиот систем да стане целосно функционален во овој дел- рече Велковски.