Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

104 нови веб коцкарници на удар. Владата ја засилува заштитата против нелегалното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

104 нови веб коцкарници на удар. Владата ја засилува заштитата против нелегалното онлајн коцкање. Откако влезе во сила законот во јули годинава, заклучно со последната акција  блокирани се вкупно 462 онлајн сајтови за приредување на игри на среќа.   Зад виртуелните ветувања за брза заработка, надлежните предупредуваат на опасности како парични загуби и злоупотреба на лични податоци.

„Согласно доставениот налог, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб – страници, со прикажување на соодветно известивање за причината за блокирањето.“ – велат од Министерството за дигитална трансформација.

Целта е побезбеден интернет простор за граѓаните, а особено младите и малолетниците да не бидат изложени на вакви лажни измами и да не паѓаат во замките на виртуелните игри на среќа.

Реклама

„Апелираме граѓаните да бидат внимателни и да не споделуваат лични и финансиски податоци на непроверени веб-страници. Воедно, ги повикуваме родителите и старателите да посветат дополнително внимание на онлајн активностите на децата и да разговараат со нив за ризиците во интернет просторот.“ – велат од Министерството за дигитална трансформација.

Претходно Упрвата за јавни приходи обелодени дека за половина година биле искоцкани 1,6 милијарди евра. Најголем дел од парите завршиле во електронски апарати за игри на среќа, но значителни суми и понатаму се вртат во казината и обложувалниците. Од јули годинава во сила е нов закон за игри на среќа што поставува нови правила. Но проблемот е што за тие да се спроведат има временска рамка до крајот на годинава. Па оттука и не чуди што вклучените во овој бизнис се уште купуваат време и не прават ништо за исполнување на обврските. Тие повеќе нема да смеат да се рекламираат, да поставуваат билборди и светлечки реклами, ниту пак да работат во објекти кои се во близина до училишта. Приредувачите на игри на среќа сметаат дека дислоцирањето на објектите само по себе нема да го реши проблемот додека експертите велат дека ова е клучна промена што мора да се спроведе.