Реклама

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Прилози

Со голема брзина расте бројот на лица со деменција – најавени нови третмани во лекувањето

Губењето на меморијата, контролата врз движењето и промените во однесувањето се дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Губењето на меморијата, контролата врз движењето и промените во однесувањето се дел од секојдневието на илјадници пациенти со Алцхајмерова и Паркинсонова болест. Бројот на лица со деменција во Македонија расте со голема брзина. Заболени од Алцхајмерова болест има околу 24 илјади пациенти, а 5 илјади со Паркинсонова. Здравствените власти најавуваат воведување на нови методи во лекувањето, со стручна поддршка од Словенија.

„Средствата ги имаме веќе, само треба да направиме тимови, мултидисциплинарни за да можеме оваа метода да ја започнеме кај нас. Навистина сум оптимист дека до наредната 2027 година ќе започнеме со првиот пациент, со огромна поддршка на Клиничкиот центар Љубљана.“, вели Јован Божиновски, директор на неврологија.

Реклама

Една од методите што се планира да се воведе е длабоката мозочна стимулација за пациентите со Паркинсонова болест. Станува збор за хируршка интервенција при која во мозокот се вградуваат електроди и помагаат во контролирањето на симптомите. Во Словенија овој третман се применува самостојно веќе 15 години. Паралелно, се подготвува терен и за современи биолошки лекови протв Алцхајмеровата болест со кои може да се забави напредувањето на болеста кај одредени пациенти.

„Пациетите добиваат практично можност за нов живот со длабока мозочна стимулација. Значи квалитетот на животот во напредната фаза на паркинсонова болест е толку влошен да не можат да ги извршуваат нормалните активности во секојдневниот живот. Со длабока мозочна стимулација состојбата се враќа барем 10 години назад.“, изјави Дејан Георгиев, неврохирург, Клинички центар Љубљана    .

Проблемот не е само процедурата, туку и понатамошното следење и присопсобување на терапијата. Потребни е соодветна инфраструктура, обучени медицински  тимови и финансиски средства, а според најавите, Македонија е веќе подготвена и се очекува во 2027 година да се започне со спровеудвање на операциите и третманите.

„Моите сознанија се дека Клиниката за неврохирургија Скопје е технички подготвена за ваков тип на интервенции, односно апаратурата што е потребна за ваков тип лекување е достапна, а сега ја имаме и поддршката од Клиничкиот центар во Љубљана да го пренсе своето повеќегодишно искуство.“, вели Сашо Клековски, министер за здравство.

Досега макеонските пациенти за вакви интервенции најчесто заминуваат во странство, особено во Турција. Во иминатите две години повеќе од 10 пациенти се испратени на лекување надвор од држават на сметка на фондот за здравство, а во моментот уште двајца се во процедура. Со воведувањето на овие современи методи, македонските пациенти ќе го добијат потребното лекување дома.