Македонскиот енергетски систем е безбеден од сајбер напади. Ова е потврдено од страна на американските експерти кои ги обучувале макеоднските експерти за заштита од дигитални напади на енергетската инфраструктура. Според информациите од Министерството за енергетика и минерални сурови, два напади се успешно превенирани. Македонскиот енергетски систем е стабилен, а од следната година, согласно законската легислатива, Македонија мора да има обучено и сертифицирано експерти за заштита од дигитиални напади. За таа цел веќе се спроевдуваат обуки, а заедно со УНДП и Словачката амбасада се работи на проект кој треба дополлнително да ги засили македонските ресурси за заштита од хибирдна и дигитална војна, предизвик со кој се соочува Светот.
„Kога зборуваме за енергетска безбедност, најчесто мислиме на сигурност во снабдувањето, стабилна мрежа и доволно производствени капацитети. Но денес, безбедноста на енергетскиот систем зависи и од заштитата на дигиталната инфраструктура преку којашто тој се управува. Затоа, сајбер безбедноста во енергетиката е прашање што непосредно ги засега граѓаните, економијата и нашата национална безбедност. Дигитализацијата ни овозможува подобро управување со мрежите, поефикасно користење на ресурсите и поголема интеграција на обновливите извори. Со овие можности расте и нашата одговорност да ги заштитиме системите од закани што можат да предизвикаат реални прекини и сериозни последици“, изјави Сања Божиновска, министерката за енергетика.
За целосно спроведување на стандардите за заштита од хибридни напади се грижи министерството за дигитална трансформација, од каде посочуваат дека засега Македонија е добро подготвена, со дообро обучени програмери и лица кои знаат како да се одбаранат од хибридни напади.
„Министерството за дигитална трансформација, со цел исполнување на обврските од првиот пакет од реформската агенда, го предводеше процесот на донесување на првиот Закон за безбедност на мрежи и информациски системи, како и Стратегија за сајбер безбедност, со што се воспоставија темелите на системска заштита на критичната инфраструктура во државата. Врз основа на овој закон, е воспоставен и Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти, MKD-CIRT, како оперативен механизам за заштита на државните институции. MKD-CIRT се наоѓа во рамките на Министерството за дигитална трансформација. Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-CIRT е примен како нова полнопрaвна членка на FIRST (Forum of Incident Response and Security Teams), глобална меѓународна мрежа на тимови за одговор на компјутерски безбедносни инциденти“, рече Гордана Клинчарова, државен секретар во министерството за дигитиална трансформација.
Ана Чернишова, Заменичката на постојниот претставник на УНДП за Македонија, потенцира дека тие и понатаму остануваат отворени за целосно завршување на проектот кој треба да го крене на повисоко ниво степенот на безбедност. Со проектот е предвидено да се воспостави тело како подгранка на Владиниот центар за одговор на компјутерски инциденти Неговата примарна задача е координација на одговорот при сајбер напади, анализа на закани и брза размена на информаци. Проектот директно ги следи насоките од европската NIS 2 директива, новиот Закон за сајбер безбедност на Министерството за дигитална трансформација, како и новите правила донесени од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

