Реклама

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Прилози

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Народна банка воведува привремена администрација за да ги заштити интересите на штедачите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народна банка воведува привремена администрација за да ги заштити интересите на штедачите на Алта банка АД Битола. По одземањето на дозволата за работа на Алта банка Белград, 3 лица од Народна банка ќе управуваат со имотот на банката. Гувернерот Трајко Славески потенцира дека не му се одзема сопственоста на мнозинскиот акционер, туку привремено, само управувањето. Банката е стабилна, ликвидна, а мерките според Славески се превентивни. Времено, физичките лица ќе можат неделно да користат до 10.000 денари. Тој бил определен имајќи ја предвид просечната плата во земјава. Граѓаните во банката чуваат 118 милиони евра во вид на депозити. Во последниве неколку дена биле повлечени два милиони евра од банкоматите. Ќе има и оптимизирање на бројот на филијали.

„Во интерес на граѓаните, а со цел извршување на секојдневните плаќања, определен е неделен лимит за одлив од сметките на физичките лица во износ од 10.000 денари, којшто може да се користи со картичките издадени од банката“, изјави Славески.

Мерките можат да траат до 3 месеци, но гувернерот се надева дека тоа ќе биде пократко. Тој упати апел сите да се воздржат од шпекулативни и поттикнувачки изјави, за да не му наштетат на банкарскиот сектор.

Реклама

Клиентите кои имаат кредитни обврски беа повикани редовно да ги подмируваат ратите. Она што следи е да се продаде банката на нов купувач. Славески потенцира дека интерес веќе пројавиле 4 до 5 потенцијални купувачи, но не кажа дали се од Македонија  или странство.

„Иако тоа е неофицијална информација, има повеќе заинтересирани купувачи на акциите. Ние имаме по закон определен процес по кој што тие акции ќе бидат понудени на продажба откако ќе се испочитуваат сите законски одредби и права на акционерите. Сакам да нагласам дека ние го одземаме правото на глас на Алта Банка АД Белград од утре во стечај, но правото на сопственост останува“ -рече Славески.

Алта банка ад Битола во моментов е ликвидна и стабилна. Двете банки се различни правни субјекти, со посебни дозволи за работа и подлежат на две различни законодавства. Обврските поврзани со сопственикот во Белград, изнесуваат околу еден милион евра, што според гувернерот е незначителен износ во однос на вкупната актива и ликвидноста на банката во Македонија. Во однос на периодот кога Алта банка Белград ја презема Стопанска Банка Битола пред една година, од Народната банка велат дека тогаш банката имала важечка дозвола за работа во Србија и сите услови и критериуми биле исполнети. Алта банка Битола за 9 месеци годинава пријавила загуба од 790 илјади евра. Вкупната актива изнесува 183 милиони евра, а капиталот и резервите 32 милиони евра.